Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

8.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро советиПравилно есенско садење на овошни садници

    Правилно есенско садење на овошни садници

    petel baner

    Најдобро време за садење на овошни садници е есента, веднаш по паѓањето на листовите, а тоа е крајот на ноември.

    Ако временските услови се добри, садењето може да се изврши и во месец декември, ако температурата е над 0, а почвата е доволно заситена со влага.

    Доколку садниците, од оправдани причини не сме ги засадиле есента, тогаш садењето може да се изврши крајот на февруари и почетокот на март, се до потерувањето на пупките.

    При пролетното садење садницата потерува покасно и има помал пораст во однос на есенското садење.

    Доколку површината е претходно риголована, на длабочина од 60-70 см, садењето се врши во помали дупки, 50 х 50 см, да може корените да се сместат во дупката. Ако површината е поплитко изорана садењето се врши во поголеми дупки, широки и до 1 метар и длабоки 60-70 см.

    Пред да се почне со садењето, треба добро да се прегледа садницата, односно се скратуваат оштетените и скршени жили. А здравите се кратат на 25-30 см, потоа корените се потопуваат во каша од свежи говедски лепешки, глинеста почва и вода. Додека се влажни корените се посипуваат со ровка почва, која се налепува на кашата. Потоа садниците се распоредуваат во дупките за садење.

    Пред садењето се разнесува потребната количина ѓубре (прегорено арско ѓубре) најмалку 1-2 кг на секоја дупка и 400-500 гр комбинирано ѓубре NPK. Доколку почвата е кисела на дното на дупката се става 200-250 гр. томасово брашно.

    Пред да се почне со садењето треба да се одреди длабочината. Вообичаено е садниците да се садат на иста длабочина како што биле во расадникот.

    Кај јаболкото и крушата, на слабо бујна вегетативна подлога, М9, спојното место треба да биде над површината на почвата. Ако се стави калемот под површината на почвата тој се ожилува, а овошката преминува на сопствен корен.

    Начин на садење: На дното на дупката се става горниот дел од почвата 10-15 см, измешана со NPK ѓубре и малку арско ѓубре.

    Потоа доаѓа чиста гона почва, околу 10 см, односно додека се стигне до потребната длабочина каде што треба да се постави садницата. Во средината на дупката се поставува мало купче почва врз кое се поставува коренот на садницата. Садењето го вршат два работника, едниот ја дрши садницата во вертикална положба, а вториот со лопата става горна ситна почва врз корените.

    Agrobot

    Потоа садницата повремено се затресува, за да ситната почва навлезе меѓу корените. Така коренот се покрива со 10-тина см ситна и влажна почва од горниот слој. По периферијата на дупката се става од долната, неплодна почва, која е измешана со арско и NPK ѓубре. Уште подобро е целата дупка да се наполни со оранична плодна почва, а долната неплодна почва да се врати на тоа место.

    Штом целата дупка се пополни, 10-тина см над корените, се врши лесно нагазнување на почвата. Така корените се насочуваат косо, надолу. Ако повата е многу влажна, покрај коренот не се гази, туку почвата се притиска со рака.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Потоа дупката се дополнува со долната неплодна почва, помешана со арско ѓубре. Горниот слој не се гази, туку се прави чинија во која се налева една до две кофи вода. При есенско садење се става една, а при пролетно две кофи вода. Чинијата се прави конусовидно, така што водата се насочува директно кон коренот. Кога водата ќе се упие, истиот или наредниот ден чинијата се затвора со ровка почва.

    После есенското садење садницата се завиткува со неколку слоја хартија, за заштита од зајци. Завиткувањето со фолија не е препорачливо, бидејќи преку денот се загрева, се оросува, а ноќе замрзнува. При есенско садење садницата се загрнува со 20-30 см почва, за заштита на коренот од мраз.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img