Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКои видови сирење се најздрави?

    Кои видови сирење се најздрави?

    petel baner

    Сирење е една од омилените намирници на многу луѓе ширум светот.

    Сирење е здрава храна која може да донесе многу придобивки за човековиот организам.

    Сирењето е добар извор на квалитетни протеини, калциум, фосфор, а има и други поволности за здравјето. Секако, ако го изберете вистинскиот вид и ако го консумирате умерено.

    Otkup na kompiri

    Еве кои видови сирење и кашкавал се сметаат за најздрави:

    Фета сирење

    Клучна состојка на грчката кујна, фета сирењето има помалку масти и калории од повеќето други видови на сирење. Во 30 грама фета сирење, што е сосема доволно за една порција грчка салата, има 4 грама протеини и само 74 калории.

    Професоркатa Натали Каине-Биш вели дека заради карактеристичниот силен вкус, фета сирењето можете да го користите во помали количини. Соленото фета сирење, освен во салати, можете да го додавате и во чорби, а добро оди и со компири или јагоди, па и со лубеница.

    Иако домашното фета сирење обично се прави од кравјо млеко, оригиналното грчко фета сирење се прави од овчо или козјо млеко. Ова е подобра опција за оние кои имаат проблеми со варењето и страдаат од интолеранција на лактоза.

    Имајте на ум дека непастеризираната фета и другите видови на меки сирења почесто од пастеризираните, можат да содржат опасна бактерија листерија. Затоа се препорачува да купувате фета од пастеризирано млеко. Ова посебно важи за бремените жени и за лицата со ослабен имунитет.

    Моцарела

    Ова е омиленото детско сирење, а го сакаат и возрасните. И за едните и за другите е добар избор. Моцарелата од делумно обрано млеко содржи помалку калории. Но и натаму е богато со протеини (30г = 71 калорија и 7г протеини).

    Бидејќи обично се пакува такашто едно пакување претставува една порција, моцарелата е практичлно за да го понесете на работа и да го јадете како здрава ужина.

    Пармезан

    Како и фета сирењето, и пармезанот е добар избор затоа што е доволно само малку од ова него за да го збогати секое јадење. Пармезанот содржи релативно малку калории (30г имаат 110 калории). Но, е богат со натриум (30г содржат 449мг), па јадете го умерено.

    agrounik

    Пармезанот можете да го изрендате во салата или да изедете мало парченце со јаболко или со круша. Секако, тој е важна состојка на пастите и на пиците.

    Ементалер

    Ова популарно швајцарско сирење, е уште едно со силен вкус кое претставува добар избор. Постојат бројни видови од него, па така и оние со мал процент на натриумн или масти. Тоа ви овозможува да најдете верзија која им одговара на вашите диететски потреби.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Како и тврдото сирење, ементалерот е побогат со фосфор од речиси сите меки сирења. А како што е познато, особено за жените од сите возрасти, калциумот и фосфорот им се клучни минерали за формирање на силни коски и за одржување на нивната густина.

    Додадете кришка ементалер во сендвичот или изрендајте го врз кајгана или врз јајце на око. Коцките од ова него се одлична ужина, особено со некое овошје наместо крекери.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img