Зелен чај содржи многу значајни супстанции кои внесени во организмот предизвикуваат позитивни ефекти. Неговото благотворни дејства за човечкиот организам биле познати уште пред 3000 години.
Зелениот чај, како и другите чаеви од растението Camellia sinensis, е богат извор на полифеноли. Тоа се моќни антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали во телото.
Освен антиоксиданси, овој чај содржи и витамин Ц, некои витамини од групата Б, цинк, магнезиум, калиум, манган и флуорид.
Слободно може да се каже дека тој е еден од оние продукти кои не треба да ги прескокнувате. Не само што е чудотворен извор на здравје, туку е и идеален сојузник во борбата со килограмите.
Најновите испитувања во спортската примена го докажуваат позитивниот ефект во оксидацијата на мастите во организмот. Оваа особина се препишува на високиот процент на флавоноидите во составот на чајот.
Според количината на овие соединенија, се категоризира и квалитетот на чајот. Посебна група на флавоноиди кои се нарекуваат катехини, во комбинација со кофеинот, имаат термоген ефект во метаболизмот на мастите, така што ја стимулираат потрошувачката на калории.
Спречува појавата на рак
Многубројни истражувања покажале дека консумацијата на зелен чај помага во заштитата од рак на стомакот, хранопроводот, простатата и панкреасот. Консумацијата на барем една чаша зелен чај дневно го намалува ризикот од појава на рак на белите дробови дури за 5 пати.
Заштитува од срцеви заболувања
Редовното консумирање на зелен чај го намалува ризикот од срцев удар и атеросклероза. Исто така, овозможува полесно и побрзо закрепнување на пациентите кои доживеале срцев удар.
Го подобрува имунитетот
Зелениот чај помага во заштитата од настинка и грип. Помага при намалување на „лошиот“ холестерол. Консумирањето на барем 2 чаши зелен чај дневно го намалува нивото на „лош“ холестерол (LDL) во телото.
Го заштитува џигерот
Има способност да го заштити џигерот од токсини како алкохолот и од хемикалиите што ги има во чадот од цигарите.
Спречува појавување на камен во бубрезите
Околу 5 проценти од светската популација страда од камен во бубрезите, а зелениот чај ни овозможува на природен начин да се бориме против оваа болест.
Го подобрува денталното здравје
Веќе постојат докази дека зелениот чај ја спречува појавата на кариес, но исто така и ги уништува бактериите во устата кои што предизвикуваат лош здив.
Зелениот чај го стимулира метаболизмот, го намалува високиот крвен притисок и шеќерот во крвта и помага за убав изглед на кожата.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.