Голем број на истражувања потврдиле дека мирисите имаат добро влијание врз нашето здравје.
Некои мириси можат да го ублажат стресот, болката, да го поправат расположението и да помогнат при мачнина.
Овие 6 мириси имаат голема исцелителна моќ:
Жалфија
Најдобра е за намалување на крвниот притисок
Истражување од 2013 година покажало дека кај жените кои помирисале жалфија се намалил крвниот притисок и брзината на дишење. Покрај тоа, тие полесно се опуштале за време на стресен медицински преглед. Освен тоа, таа го подобрува и памтењето и ја зајакнува концентрацијата.
Нане
Најдобро е за намалување на стрес
Истражувањата покажале дека со негово вдишување се намалува нивото на кортизол, хормонот за стрес. Покрај тоа, го намалува уморот и желбата за чоколадо.
Портокал
Најдобар е за ублажување на анксиозност
Едно истражување открило дека лицата кои помирисале портокал пред стресен тест останале смирени под притисокот и биле помалку анксиозни, најверојатно поради тоа што овој мирис помага во ублажувањето на стресот. Покрај тоа, го зголемува и расположението.
Рузмарин
Најдобар е за зајакнување на мозочните функции
Со вдишувањето на рузмарин ги зајакнувате мозочните функции, односно брзината и прецизноста при напорни ментални задачи, велат истражувањата од 2012 година. Друго истражување открило дека мирисот на рузмарин освежува и ментално стимулира. Исто така ја зголемува енергијата и го намалува заморот.
Цимет
Најдобар е за подобрување на вниманието
Мирисот од цимет добро влијае врз делот од мозокот задолжен за фокусирањето. Возачите се повеќе фокусирани откако ќе помирисаат миризливо масло со цимет. Освен тоа, ја подобрува и концентрацијата и ги намалува фрустрациите.
Лаванда
Најдобра е за опуштање и ублажување на болките во ПМС
Мирисот на лавандата може да ве опушти. Истражување од 2013 година открива дека мирисот од лаванда ги ублажува и симптомите пред менструација, како и симптомите на збунетост и депресија. Ја намалува анксиозноста и силата на мигрената.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.