Листопадните дрвја се основата на секоја градина. Некои видови, како што е бреза, се секогаш пожелни како нивен составен дел. Контрастот што ова растение го дава со својата бела кора е секако незаменлив украс на секоја градина.
Бреза – вистински пионер кога станува збор за дрвја кои се одгледуваат низ целиот свет и растат во речиси сите области, освен во топлата зона. Познато е дека брезата може да се види од сибирските тајги сè до умерено континенталните региони, и во планинските области и во долините. Станува збор за вид кој во текот на една година може да произведе изобилство семиња. Тие, разнесени од ветрот, многу лесно се впиваат во земјата.
Ја нарекуваат пионер затоа што, ако е поле што станало голо, ова е првиот вид што ќе го зелени. Постојат неколку форми и тие се разликуваат според обликот и видот на крошната и кората.
Најпознат вид е белата бреза
Има бела кора, мали листови и полу-свиткани гранки. Исто така, можеме да видиме и брези чии гранки паѓаат како водопади и се нарекуваат жалосна бреза. Покрај овие два вида, можеме да наидеме и на сорта која има карактеристична кора која е само донекаде бела, а претежно сива по боја. Дрвото не е големо, а кората му се витка како ролна тоалетна хартија.
Брезата е многу отпорно растение
Не е нападнато од инсекти или болести. Покрај тоа, брезата одамна кај нашиот народ се смета за лековит вид, чии гранчиња и кора имаат различни лековити својства.
Покрај тоа што содржи лековити својства во листовите и кората, исеченото гранче од бреза произведува изобилство течност која се смета за една од најлековитите средства, која Русите ја користат многу често.
Расте на било каков терен
Брезата може да расте каде што има многу вода, но и во суви позиции. Иако изгледа многу украсно во градината, треба да бидете внимателни. Брезата во листовите содржи супстанции кои делуваат како хербициди (слично на оревот, јасенот или врбата). Можат да го уништат тревникот или помалите растенија под неа.
Многу е отпорна на студ и суша. При одгледувањето на ова растение би било потребно да се додаде минерално ѓубриво NPK 24:12:8 или NPK 20:20:20 во април, мај и јули, што би помогнало ова растение силно да се развие и да го даде својот максимум. Инсектите кои се хранат со листовите, како и инсектите кои се вгнездуваат во дрвото се ретка појава, па затоа се предлага редовна заштита со минимална употреба на инсектициди во мај, јули и септември.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.