домаАгро ЗабаваЗа што сè помага маслото од рузмарин

За што сè помага маслото од рузмарин

Prokredit baner

Маслото од рузмарин совршено ја поттикнува циркулацијата, влијае на нервниот систем, го опушта и на тој начин ја подобрува концентрацијата.

Маслото од рузмарин може да се мачка на кожата, но и да се вдишува.

Како се користи масло од рузмарин?

Семенарна хоризонтален банер

Ова масло може да се вдишува со помош на дифузор во кој се ставаат 5 до 10 капки масло, а може и директно да се инхалира. Исто така, може да го мачкате на кожата, но претходно е потребно да го промешате со јојоба, кокосово масло или бадемово масло.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Пред користење на кожата може да се направи тест за да се провери како ќе реагира кожата и дали ќе предизвика реакција. Ставете капка масло на кожата и почекајте половина час. Ако не се појави никаква реакција, може да го користите маслото на кожата.

За што сè служи маслото од рузмарин?

Кожа

Може да служи како решение за акни и други проблеми со кожата. Важно е да го користите со друго масло за да не предизвика несакани реакции.

Тигар лого гиф

Проблеми со дишењето

Ова масло е одлично за бројни проблеми со дишењето, а посебно за искашлување, бронхитис или проблеми со синусите. Потребно е да го вдишувате маслото за да ги олесните овие тегоби.

Расположение

Со вдишување на масло од рузмарин се подобрува расположението, луѓето се поопуштени и посреќни. Познато е дека рузмаринот го намалува стресот.

Petel.mk

Помнење

Ова масло ќе ви помогне да се фокусирате подобро, како и да помните информации.

Циркулација

Масло од рузмарин ја поттикнува циркулацијата. Може да додадете неколку капки во кремата или може да се користи промешано со базично масло. Ова масло ќе ги реши проблемите со ладни раце и нозе. Исто така може да се користи и за отстранување на целулит.

За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img