Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиНаместо јаглен, во Полска се греат на отпад?

    Наместо јаглен, во Полска се греат на отпад?

    petel baner

    Во Полска, многу граѓани користат јаглен за греење. Со санкциите кон Русија беше прекинат увозот на тој енергенс.

    Високите цени на огревното дрво, пелетите, гасот и струјата есенва ги загрижуваат граѓаните на Европа. Како да ја преживеете претстојната зима без да банкротирате или да замрзнете? 

    Otkup na kompiri

    Многумина размислуваат да се префрлат на поевтини извори на енергија. Се препорачува да се намали температурата во просторите каде што престојуваме, а Полјаците се обидуваат да заштедат на трошоците за греење со палење на отпадот од домаќинството во нивните печки, пишува Bloomberg. 

    Зависни од руски јаглен

    Имено, во оваа земја многу граѓани користат јаглен за греење. Со санкциите против Русија е стопиран увозот на тој енергенс од кој е зависна Полска. Според локалните медиуми, дури 60 отсто од домаќинствата немаат доволно јаглен за да ја преживеат зимата. 

    Меѓутоа, луѓето во криза знаат да бидат многу снаодливи. Се свртеа кон отпад, односно се што може да се запали. Општинските претпријатија забележаа дека во многу полски градови се собира помалку отпад. „ Има значителен пад во собирањето отпад , особено за материјалите кои, барем теоретски, би можеле да бидат погодни за горење, како хартија, картон и пакување “, изјави градоначалникот на еден град за полските медиуми.

    И пред енергетската криза, дури 40 градови имаа најлош квалитет на воздухот во Европската унија. Причината беше јагленот. За тоа годинава ќе придонесе и смрдеата на запаленото ѓубре, на што секојдневно сведочат жителите на предградијата на Варшава. 

    agrounik

    „ Луѓето се исплашени и собираат сè што може да се запали “, вели  Пјотр Сиергиј, портпарол на мрежата на еколошки активисти наречена Polski Alarm Smogowy – или Полски аларм за смог. Ова вклучува лигнит, дрво, тресет, овес – и отпад.

     

    Владата даде зелено светло

    Во меѓувреме, полските медиуми објавија дека владата им дала зелено светло на граѓаните да го палат отпадот од домаќинството, а Јарослав Качински, лидерот на владејачката партија Право и правда, минатиот месец им рекол на своите приврзаници дека мора да запалат речиси сè освен гуми и слични штетни предмети. со цел да се загреат. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Неколку месеци претходно, неговата влада ја ублажи забраната за јаглен со низок степен, па дури и размислуваше да им дели заштитни маски на граѓаните. Во некои делови од земјата , еколошките ограничувања воведени во последниве години се ублажени. Така, регионалното собрание во Краков гласаше за одложување на забраната за палење „други работи“ во печките за домаќинство.

    Во последниве години, Полска забележа околу 40.000 предвремени смртни случаи поврзани со загадениот воздух годишно, што е највисока во ЕУ по глава на жител по Бугарија. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img