Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

4.8 C
Skopje
Friday, January 30, 2026

More
    домаАгро ЗабаваНачини на сушење вргањ

    Начини на сушење вргањ

    Prokredit baner

    Вргањ се смета за една од најквалитетни печурки, во однос на вкусот и хранливоста, па затоа често е наречен и крал на печурките. 

    Вргањот расте во листопадни и зимзелени шуми и се карактеризира со бело-кафена боја на ,,чадорчето’’ и дршка која се задебелува од горе надолу.

    Еден од начините, како да ги сочувате печурките подолго време е да ги исушите.

    bum.mk

    Сушените печурки, па дури и сите јадења направени од сушени печурки можат да се наречат гурмански. Тие имаат  посебен вкус и арома, а особено се убави сушените вргањи. Сушењето не го намалува нивниот вкус и квалитети.

    –   За сушење секогаш користете здравите и цврсти печурки. Добро избришете ги (никако немојте да ги миете), просушете ги и исечете ги на тенки кришки.

    –    Наредете ги на чиста решетка или на крпа и оставете ги на сонце да се сушат. Можете да ги ставите и одозгора на печката, а исто така се сушат и во сенка на промаја. Кога се сушат на отворено, печурките треба да се покријат со чиста газа за да се заштитат од муви кои обично се привлекувани од мирисот.

    Тигар лого гиф

    –    Вргањот можете да го исушите и во рерна на температура од 50-60 степени Целзиусови. При тоа рерната мора да биде отворена и да биде уклучен вентилаторот цело време додека трае сушењето.

    – Вргањот се суши се додека вкупната тежина не се намали десет пати во однос на почетната.

    Petel.mk

    – Исушените печурки ставете ги во чисти тегли и херметички затворете ги. Чувајте ги на суво и темно место. Можете да ги ставите и во книжни кеси наместо во тегли и така да ги чувате.

    Многу е важно сувите вргањи да ги заштитите од влага, бидејќи можат да муфлосаат. Вака исушените и правилно чуваните печурки можат да се користат дури една година.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img