домаАгро советиЗаштита на овошките во текот на зимата

Заштита на овошките во текот на зимата

Prokredit baner

Овоштарите периодот од зимско мирување најчесто го користат за зимска резидба и заштита на овошките од болести и штетници.

Заштитата на овошките се извршува со механички и хемиски мерки.

Механичките мерки повеќе се спроведуваат кај помалите овоштарници и
опфаќаат: чистење на стеблата од гасенични гнезда, отстранување на заразени
делови од растенијата и собирање и горење на паднати лисја и трули плодови.

Со извршување на овие работи ги отстрануваме потенцијалните жаришта од
болести и штетници, од каде што рано во пролетта излегуваат спори и габи, или
имага од штетници, кои извршуваат примарни зарази.

Семенарна хоризонтален банер

Хемиските мерки за заштита опфаќаат прскање на овошките со пестициди, со кои
се сузбиваат болестите и штетниците. Некои штетници и болести презимуваат на
гранките, или под кората, при што со зимското прскање се уништуваат нивните
легла.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Прскањето се извршува во периодот на зимското мирување и тоа исклучиво
при суво, топло и мирно време.

Зимската заштита како мерка задолжително се применува кај повеќето овошни
видови.

Најчести штетници кои се сузбиваат со зимската заштита се: лисни и штитести
вошки, цветојад, молец, губар, жолтомешка, свиткувач, крушкова болва, мразовец,
црвен пајак и др.

Тигар лого гиф

Од инсектициди кои се користат за сузбивање на наведените штетници во овој
период се маслените препарати: Бело масло 1%, Олеоултрацид 0,3%, Фолидол
масло 0,5% и др.

Од болести, кои се сузбиваат со зимското прскање се: краставост на плодовите,
пепелница, кадравост и сачменка на лисјето, монилија, рогачење на плодовите,
бактериска пламеница, рак на кореновиот врат и др.

Petel.mk

Од фунгициди кои се користат за сузбивање на болестите се: Бордовска чорба 1-
2%, Шампион 1%, Бакарен Антракол 0,4% и др

Заштитата против болестите и штетниците може да се извршува посебно, но
најчесто комбинирано, со мешање на двете компоненти.

За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img