Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваНаправете масло од цимет и искусете ги неговите благодати

    Направете масло од цимет и искусете ги неговите благодати

    petel baner

    Цимет е еден од најстарите зачини кои ги употрбувале луѓето и не случајно се смета за зачин повреден од златото.

    Цимет е растение кое потекнува од Азија, а е најзастапено во Индија, Шри Ланка, Бразил и Мадагаскар. Како зачин и лек се користи уште од времето на древниот Египет.

    Во Европа, најголема побарувачка за цимет датира од средниот век и станува примарен трговски производ помеѓу Блискиот Исток и Европа. Егзотичниот вкус го освои целиот свет, но со текот на времето, дојдоа до израз неговите бројни лековити својства.

    Otkup na kompiri

    Во нашите краишта малку се знае за користа на маслото од цимет. Постојат два типа на масло од цимет. Првиот тип е етерично масло кое се состои од листовите и кората од билката и е многу сложена постапка.

    Вториот е екстратирано масло од цимет кое може сами да го направите.

    Потребни состојки:

    • Неколку стапчиња цимет
    • Чисто маслиново масло (рафинирано)
    Начин на подготовка на масло од цимет:

    Ставете ги целите стапчиња цимет во една тегла, а потоа прелијте ги со маслиново масло така што ќе бидат целосно потопени. Добро затворете ја теглата и оставете ја да отстои 3 недели на собна температура. Секој ден добро протресувајте ја, а по 3 недели исцедете ја низ газа во темно стаклено шишенце и добро затворете.

    agrounik

    Вашето масло од цимет е подготвено за употреба. Бројот на стапчиња се одредува произволно, но најдобро би било доколку целосно ја наполните теглата (најмалку 5 до 6 стапчиња на пола литар масло). Што поголем број искористите, толку подобро ќе биде за вас.

    Доколку не можете да пронајдете стапчиња, можете да употребите и цимет во прав, во размер 1:5 во однос на маслото (100 грама цимет во прав на половина литар масло). Но, сепак се препорачува употреба на стапчиња бидејќи со преработката на циметот се губат и неговите долготрајни лековити својства.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Маслото може да се користи во секоја погодност. Можете да го додадете во салати или колачи во зависност од тоа како ви одговара на вкусот, но не се препорачува долготрајна термичка обработка. Сепак маслото е наједноставно и најдобро да се пие и тоа по 1-2 лажици наутро и навечер.

    Поради антиоксидансите, но и манганот, калциумот, влакната и железото, маслото од цимет го зајакнува имунолошкиот систем. Покрај тоа, има антибактериски, антивирусни и антигабични својства.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img