Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Monday, December 5, 2022

More
    домаАгро ВестиМакедонија е умерено подготвена за земјоделство и рурален развој

    Македонија е умерено подготвена за земјоделство и рурален развој

    Европската комисија (ЕК) во последниот Извештај за напредокот на земјава оценува дека Македонија останува умерено подготвена во областа на земјоделство и рурален развој.

    Според Комисијата, постигнат е одреден напредок во текот на извештајниот период. Се подобри апсорпцијата на ЕУ фондовите во рамки на ИПАРД 2, но треба да се обезбедат дополнителни кадровски ресурси. Да се прошири имплементацијата на ИПАРД 3 за целосно искористување на достапните можности за финансирање.

    ЕК препорачува Македонија да донесе законска рамка за натамошно усогласување со правото на ЕУ. Која ќе биде во областа на директните плаќања и заедничкото организирање на пазарите.

    -Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2021-2027 е донесена во 2021 година. Истата реба да се дополни со Акциски план и буџетирање. За да се обезбеди нејзино правилно спроведување, со систем за следење и известување. Треба да се усвои и закон за усогласување на националните шеми за поддршка на земјоделците со правото на ЕУ.

    Комисијата нотира напредок во подобрувањето на квалитетот на податоците на Регистарот на фарми. Но, и ограничен напредок во однос на интероперабилноста меѓу Регистарот на фарми. Како и Системот за идентификација и регистрација на животните во однос на квалитетот на податоците за животните.

    Нема напредок, оценува ЕК, во спроведувањето на шемите за квалитет.

    -Административните капацитети останаа недоволни и покрај секторскиот потенцијал за традиционални производи и ознака на потекло. Потребни се дополнителни напори за воспоставување на законодавната рамка, вклучително и за алкохолните пијалаци. Како и за да се обезбеди заштита на географските ознаки во согласност со правото на ЕУ, стои во Извештајот.

    Во однос на органското земјоделство, законодавството, надлежниот орган, контролните тела, како и системот за акредитација и сертификација се воспоставени и оперативни мерки, но потребен е нов закон усогласен со ЕУ.

    -Треба да се донесе нов закон за органско производство во согласност со правото на ЕУ. Подобрувањето на мониторингот, контролата на сертификатите и производите е ограничено. Постои потенцијал за натамошен развој на секторот и за користење на можностите за поддршка во рамки на ИПАРД 3, наведува ЕК.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img