Во овие есенски денови уживајте во ова слатко задоволство на домашни зашеќерени јаболка.
Зашеќерени јаболка се десерт кој многумина ги потсетува на детсвото, црвени, миризливи и сјајни никого не остваат рамнодушен.
Еве како да ги подготвите сами.
Потребни состојки:
10 мали јаболка
1 кг шеќер
10 стапчиња долги 20 см
црвена боја прехрамбена боја
Начин на подготовка:
Јаболката добро измијте ги, исчистете ги и на средина ставете им стапче.
Карамелизирајте го шеќерот додека не добиете бледо жолта боја. Додајте ја црвената боја и тргнете ја смесата од оган.
Убаво поминете ги јаболката во смесата и ставете ги на плех со хартија.
Прелијте ги со остатокот.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.