Од голема важност е концентрацијата на шеќерен сируп што им се дава на пчелите.
Многу редок сируп, според пчеларските стручњаци, ги оптоварува пчелите поради отстранувањето на големо количество вода, а многу густиот сируп пчелите мора да го разблажат пред обработката.
Пчелите веројатно ќе треба да ги храните со шеќерен сируп двапати годишно (во пролет и во есен).
Хранењето во рана пролет ги стимулира активностите во кошницата. Исто така, може да ги спаси животите на пчелите ако нивните залихи на мед се многу мали.
Заедницата го складира есенскиот шеќерен сируп за употреба во текот на студените зимски месеци.
Во двата случаи, употребата на сируп за прихранување е пригоден начин да им се дадат есенцијални лекови на пчелите.
Ако сте купиле пчели од доверлив одгледувач, нема да мора да им давате лекови во текот на првата сезона. Сепак, можеби ќе сакате да им давате сируп со лекови двапати годишно (пролет и лето) во текот на втората сезона и сите наредни.
РЕЦЕПТИ:
Сируп без лекови: Сварете 2,5 литри вода. Кога ќе почне да врие, исклучете ја ринглата и додадете 2,5 кг бел кристален шеќер. Задолжително исклучете ја ринглата. Ако продолжите да го варите шеќерот, тој може да се претвори во карамел, а од него на пчелите им е лошо. Мешајте додека шеќерот целосно не се раствори. Сирупот мора да се излади на собна температура пред да им се даде на пчелите.
Сируп со лекови: За да додадете лек во сирупот, подгответе го како сируп без лекови и изладете го на собна температура. Измешајте една кафена лажичка фумигилин-Б во околу половина шолја ладна вода (лекот нема да се раствори ако директно го истурите во сирупот). Фумигилин-Б ги штити пчелите од ноземоза. Додадете го лекот во сирупот и промешајте. Можете да додадете и две супени лажици пчелни додатоци кои содржат етерични масла и имаат различни корисни својства.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.