Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиКонференција за примена на „смарт“ земјоделство

    Конференција за примена на „смарт“ земјоделство

    petel baner

    Македонија како земја на информатичари, на пазарот веќе има иницијативи за примена и развој на информатичките технологии во земјоделството, но тоа не е доволно за поизразени социо-економски ефекти.

    Ова го истакнаа учесниците на конференцијата за паметно земјоделство што ја организира Земјоделскиот институт – Скопје.

    Конференцијата на едно место ги собра науката, производителите, надлежните институции и студентите. Го отвори прашањето како земјоделството, преку примената на информатичките технологии и новите современи бизнис модели, да стане атрактивно за младите во земјава.

    Otkup na kompiri
    Не би било паметно новите технологии да се воведуваат зашто тоа е тренд, туку за да се решаваат проблемите, беше една од пораките.

    – Нема да ја отворам конференцијата со кризата, што би било веројатно очекувано во вакви услови, туку со тоа дека се обидуваме земјоделството да го направиме достапно за младите, а како? – преку информатичките технологии. Како и во секој друг сегмент од општеството, така и во секторот земјоделство, без младите нема иднина. Од исклучително значење за нас е да се најдат модели, стимулации и млади кои и онака секојдневно се окупирани и зависни од технологиите. Своите интереси да ги насочат кон земјоделството, истакна директорот на Институтот, Виктор Ѓамовски.

    Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, дигитализацијата на македонското земјоделство е еден од клучните приоритети.

    – Кризата со храна што ќе го погоди светот особено по две години, ја гледаме како можност за драстична реформа во земјоделството. Која меѓу другото, подразбира и негова дигитализација. Поврзување на сите програми со производството и со крајните продукти, како и елиминирање на сите нерегуларности,. Ова е суштината на промената на нашата аграрна политика, потенцира министерот.

    Тој оцени дека иновативни решенија од млади луѓе има, засега најмногу во лозарството.

    – Целта на сите мерки што ги преземаме е во наредните пет години да ја достигнеме бројката од 2 000 нови производители, истакна Николовски.

    За тоа колку е битна координираноста меѓу науката од различните, но меѓусебно поврзани сфери, зборуваше професорот Миљан Цветковиќ од Земјоделскиот факултет во Бања Лука во БиХ. Тој укажа и дека некои од начините за привлекување на младите луѓе во земјоделството се мастер студиите за користење дронови. Одржувањето хакатони (натпревари за изнаоѓање нови, иновативни решенија), организирањето виртуелни саеми, но и поврзувањата (networking).

    agrounik

    – Многу често ние од земјоделските факултети не знаеме како можат да ни помогнат колегите од техничките факултети. А тие не знаат кои се нашите проблеми. Мислам дека интердисциплинарниот пристап е многу важен. ИКТ се многу важни за земјоделското производство,. Но како што би рекле во Вагенинген, Холандија, каде што е водечкиот Факултет за земјоделство, не би било паметно новите технологии да се воведуваат зашто тоа е тренд. Туку за да ги решаваме проблемите, подвлече професорот.

    Биљана Дрвошанова од Земјоделскиот институт се осврна на паметното оранжериско производство како начин за безбедност на храната.

    Таа рече дека примената на новите технологии може значително да ги намали трошоците и да ги зголеми приносите. Како и да овозможи сигурност и континуитет во снабдувањето со храна. Но, од друга страна, посочи, ИТ уредите се скапи, а и висока е цената за нивното одржување.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    – Предноста на паметните системи е што овозможуваат рационално користење на енергенси. Односно заштеда на вода и енергија, како и ефикасна и побезбедна заштита на растенијата. Зависно од типот на уредот, се овозможува и идентификување на степенот на зрелост кај плодовите и навремена берба. Далечински се контролира производството, без нужно присуство на луѓе. Се користат сензори за мониторинг на растенијата и почвата. Сензорите може да имаат најразлична примена: за следат почвената текстура, водопропусливоста на почвата, нејзината PH вредност. Какао и испарувањето на вода, гасовите, движењето низ оранжериите, се контролираат температурата, влажноста на воздухот, хлорофилот во листовите, објасни Дрвошанова.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img