За овој напиток од јаболко и цимет потребно е едно јаболко и една мала лажичка цимет во прав или едно стапче.
Јаболко и цимет се одлична комбинација, затоа уште веднаш подгответе го овој напиток.
Исечете го јаболкото на текни парченца, додадете една мала лажичка цимет во прав и прелијте со 1,5 до 2 литри провриена изладена вода. Размешајте и оставете го да стои во фрижидер 1 до 2 часа.
Пијте во текот на денот наместо вода и во моментите кога ќе почувствувате “лажен” глад. Наредниот ден направете нов и свеж напиток.
Комбинацијата на јаболкото и цимет го подобрува, односно забрзува метаболизмот, а исто така помага и во намалување на тежината заради повлекувањето на вишокот течност од организмот.
Циметот има неверојатна моќ на природен начин да го намалува шеќерот во крвта. Тој ја зголемува активноста на инсулинот и го помага искористувањето на глукозата од клетките. Исто така циметот има ефект и на намалување на нивото на масти и холестерол во крвта.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK