Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиЗошто кокошките несат помалку јајца во зима?

    Зошто кокошките несат помалку јајца во зима?

    petel baner

    Кокошките се чувствителни на студ. Потребно е да им се обезбеди топло и суво сместување, доволно храна и светлина. Зошто несат помалку јајца во зима?

    Во зимскиот период потребно е да се внимава на кокошките за да можат што полесно да поднесуваат ниски температури. Потребно е да им се обезбеди сув и топол кокошарник, добра вентилација, доволно светлина и квалитетна храна и вода.

    Otkup na kompiri

    Самите животни се подготвуваат за зимата со менување на пердувите или митарење, бидејќи тоа е нивната основна заштита од студот. Некои раси почнуваат да се митарат уште во август, додека други го прават тоа во ноември. Тоа започнува на главата, потоа напредува над градите, грбот и завршува на опашката. Во овој процес, кокошките консумираат многу хранливи материи, поради што производството на јајца се намалува. Со цел да се спречи пад на производството, се додава храна збогатена со протеини, минерали, витамини и електролити.

    Сув кокошарник

    Објектот во кој се чуваат кокошките треба да обезбеди неколку работи: да е топол, сув и да обезбедува заштита од предатори. Големината на објектот зависи од бројот на живина што останува внатре во зимските денови, кога врне дожд или снег. Влагата е непријател на здравјето и придонесува за појава на болести кај јатото. Леглото треба да биде суво, а неговиот слој да биде дебел од 10 до 15 см.

    Заштитете ги од провев

    Животните не смеат да бидат изложени на провев. Ладниот воздух дополнително ќе ги разлади. Сепак, не смееме целосно да ја прекинеме вентилацијата, бидејќи тоа ќе доведе до проблеми со амонијакот. Најдобро е да ги поставите отворите за вентилација што е можно поблиску до покривот, бидејќи студениот воздух нема да оди директно до кокошките. Отворот треба да има капак за да може да се отвора и затвора по потреба. Релативната влажност треба да биде помеѓу 60 и 80 проценти.

    Оптимална температура

    Пожелно е температурата во објектот да биде стабилна и да се движи помеѓу 12 и 18ºC. Осцилацијата на температурата, како и намалувањето и зголемувањето, се непожелни. Ваквите ситуации доведуваат до намалување на производството на јајца и трошење на енергија за одржување на телесната топлина. Денес, постојат специјални грејни светилки кои се опремени за да се спречи повреда на кокошките. Кога на несилките им е ладно, тие престануваат да несат јајца.

    agrounik

    Светлината е неопходна

    Во зима кратките денови и недостатокот на светлина ја намалуваат можноста за производство на јајца. Фазата во која кокошките овулираат не може да се одвива без доволно светлина. Затоа е потребно да се обезбеди осветлување со флуоресцентни светилки околу 14 часа. Не е неопходно да се осветлува кокошарникот 24 часа.

    Добра исхрана

    Сите овие фактори нема да имаат ефект ако храната е слаба. Висококвалитетната храна треба да содржи хранливи материи, витамини, минерали. Житариците се неопходни, првенствено пченка, јачмен, овес и мешунки. Кога се даваат немелени зрна, варењето трае подолго, тие ја обезбедуваат потребната енергетска резерва, но искористувањето на хранливите материи е помало. Може да се даваат топли каши. Се препорачува да се дава топла, влажна храна наутро, додека сува храна се дава во вториот дел од денот. Предпладне се дава зеленчук, коренови култури и други додатоци кои ќе обезбедат доволно минерали и витамини.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    За да може процесот на варење да се одвива без проблеми, потребен е доволно песок и камчиња. Водата во чиниите за пиење не смее да замрзнува, бидејќи тоа е предуслов за производство на јајца и добро здравје.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img