Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКако да препознаете квалитетни пелети?

    Како да препознаете квалитетни пелети?

    petel baner

    Бидејќи побарувачката за пелети е се поголема низ целиот свет, многу производители почнуваат да се приклучуваат на пазарот со нудење на сорти на дрвени пелети. За жал, не сите од нив доаѓаат со добар квалитет.

    Пелетите се чисти, еколошки, лесни за употреба, ефикасни и економични при користење како гориво за греење. Пелетите припаѓаат на групата обновливите алтернативни извори на гориво.

    Дрвените пелети се изработуваат од остатоци од дрво, кои се сушат и компресираат, во цилиндри со различна големина и должина, а еве на што треба да внимавате при изборот на пелети:

    Otkup na kompiri
    Состав на пелетите наспроти тежина

    Речиси сите печки на пелети кои се произведуваат како гориво може да ги користат и двата типа на дрвени пелети: пелети од тврдо дрво или hardwood и пелети од меко дрво softwood.

    Повеќето луѓе сметаат дека пелетите од тврдо пресуваните дрва се далеку подобри, што не е вистина. Првото и најважно нешто што треба да се запомни е дека вие купувате пелети на тежина, а не по нивниот волумен. Тврдо пресуваните пелети тежат од 2 до три пати повеќе, во споредба со лесно пресуваните пелети. Како и да е еден тон тврдо пресувани пелети е исто што и еден тон лесно пресувани пелети.

    agrounik

    Многу поважно е каков е составот на пелетите отколку типот на дрво од кое се изработени. Најдобро е при изборот да се одбере произведувач/продавач кој гарантира дека производот е чист и сиров, произведен по ENplus стандард кој гарантира квалитет. Со што ќе бидете сигурни дека ќе добиете вистински квалитетен производ – пелети. Производителот поседува сертификат за квалитет во кој се наведени најважните карактеристики на пелетите, остаток на пепел, влага, калорична моќ, густина.

    Од какво дрво се произведени

    Пелетите од меко дрво (бор, смрека, чемпрес) генерално имаат поголема калорична моќ, создаваат повеќе топлина и се подолготрајни, и оставаат помало количество на пепел. Односно, пелетите од меко дрво полесно постигнуваат повисока температура и согоруваат повеќе и почисто.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Мирис на пелетите

    Најлесниот начин да се провери квалитетот на пелетот е да се помириса. Едноставно наполнете ја дланката со пелет и помирисајте го. Она што треба да го помирисате е пријатен мирис на чисто дрво. Доколку забележите други чудни мириси, бидете сигурни дека во составот на тој пелет освен дрво има и други примеси.
    Поголемиот дел од производители и продавачи продаваат пелети во чиј состав има хартија, лепак, мастило итн. При тоа нивната цена е пониска за разлика од другите производители. Вака изработените пелети имаат карактеристичен мирис.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img