Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро ВестиБил Гејтс има удел во создавањето на „ново семе“ вклучувајќи ја и...

    Бил Гејтс има удел во создавањето на „ново семе“ вклучувајќи ја и пченката?

    petel baner

    Ново семе дизајнирано да се прилагоди на климатските промени и да се спротивстави на штетниците е земјоделска иновација што ќе помогне да се реши гладта во светот, според Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

    Растителните семиња се во центарот на вниманието во последниве години. Не е ни чудо што толку важна област привлече американски бизнис магнат како што е Бил Гејтс. Во извештајот на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс се наведува дека помошта во храна не може целосно да го реши проблемот на глобалната криза со глад, пишува Dailymail.

    Тој тврди дека тоа може да се промени со помош на иновативни технологии во земјоделството. Фондацијата го нагласува откривањето на таканареченото „ново семе “, или “волжебно семе” вклучувајќи ја пченкатa. Taa е одгледувана за да биде поотпорна на потопла и посува клима. Исто и оризот, на кој во овој случај му требаат три недели помалку за да расте и да се развие.

    Поголема продуктивност на земјоделските култури

    Новото семе, кое е дизајнирано да се прилагоди на климатските промени и да се спротивстави на штетниците, е земјоделска иновација што ќе помогне да се реши гладта во светот, велат тие.

    Гејтс тврди дека буџетот за истражување и развој за иновации како овие семиња е сè уште премал во споредба со она што се троши за хуманитарна помош во храна.

    „Добро е што луѓето сакаат да го спречат гладот, кога конфликтите како оние во Украина го прекинуваат снабдувањето со храна. Сепак, мораме да признаеме дека овие кризи се симптоми на подлабок проблем.

    Пченка за суви површини

    Од 2008 година, Фондацијата Гејтс донираше 131 милиони долари на африканската земјоделска технолошка фондација DroughtTEGO. Таа разви семе од пченка што успева на повисоки температури и посуви услови како дел од програмата. Оттогаш, 1,5 милијарди долари се потрошени за грантови насочени кон земјоделството во Африка.

    Agrobot

    Вештачката интелигенција беше искористена за обработка на секвенците на геномот на културите заедно со податоците за животната средина. Од компјутерскиот модел, истражувачите можеа да ја идентификуваат оптималната сорта на растенијата за одредена локација, односно да ја одредат оптималната локација за одредена сорта. Оваа технологија се уште е во рана фаза.

    Имено, кога температурите надминуваат 30°C, тие имаат негативен ефект врз процесите на раст, опрашувањето и фотосинтезата. Секој дополнителен степен над 30°C дневно го намалува приносот на културите за најмалку 1 процент.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Но, Гејтс се соочува со критичари кои велат дека неговите идеи се спротивни на глобалните напори за заштита на животната средина. За раст на ваквите култури, неопходни се пестициди и ѓубрива базирани на фосилни горива. Тие тврдат дека таквиот пристап не се справува со итноста на кризата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img