Потрошувачката на палмино масло во биодизелот и храната во Европската унија значително ќе се намали во следните 10 години. Ова ќе доведе до голем пад на увозот, прогнозира Европската комисија.
Од 2019 до минатата година палминото масло сочинуваше приближно четвртина од произведениот биодизел. До 2032 година неговото учество треба да се намали на девет отсто. Ова го проценува ЕК во извештајот за земјоделството во периодот од оваа година до 2032 година.
Горивата на база на палмино масло, кои се поврзани со уништувањето на шумите, ќе бидат постепено укинати до 2030 година. Одлуката предизвика бес кај двата најголеми светски производители на палмово масло, Малезија и Индонезија.
Уделот на поновите видови биодизел треба да се зголеми на 42 отсто до 2032 година, од 29 отсто во 2019/2021 година. Уделот на биодизелот од отпадни масла и масти треба да се зголеми од 23 на 26 отсто. Учеството на другите нови видови биодизел од шест на 16 отсто.
– Главен двигател на тоа зголемување ќе бидат конкретните цели за смесата во категоријата нови биогорива и фактот што тие носат двојна вредност при пресметувањето на резултатите за усогласеност со пропишаните цели за мешање – се наведува во извештајот.
Учеството на другите растителни масла, пред се маслото од репка, во производството на биодизел треба да остане релативно стабилно на 50 проценти. До 2032 година употребата на растителни масла во храната треба да се зголеми за 2,9 отсто во однос на просекот во 2020/2022 година, на 10,6 милиони тони.
Сепак, напорите за намалување на употребата на палминото и соиното масло би требало значително да ја променат сегашната „рамнотежа на моќта“.
Така, употребата на палминото масло во храната треба да се намали за 35,7 отсто. Маслото од соја ќе се намали за 23,5 отсто. Употребата на масло од репка треба да се зголеми за 12,6 отсто, а сончогледово масло за 27,5 отсто.
До 2032 година, ова приближно ќе го преполови увозот на палмово масло во ЕУ, на 3,3 милиони тони.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK