Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиКако да направите мацерат од лаванда?

    Како да направите мацерат од лаванда?

    petel baner

    Мацерат од лаванда – Сите знаеме колку лавандата е лековита. И дали знаевте дека со правење мацерат од лаванда можете да уживате во неговите придобивки во текот на целата година? Како? Едноставно. За мацерат ви требаат само две состојки – здраво растение и квалитетно растително масло.

    Мацератот е препарат кој се добива со натопување на лековити растенија во масло, а по одредено време маслото ги извлекува сите лековити својства од растението. Маслото потоа се процедува и се става на ладно место, каде што можете да го чувате неколку месеци и по потреба да го користите за подобрување на вашето здравје.

    Otkup na kompiri

    Мацератот се прави од разни билки, но лавандата сепак е најчестиот избор бидејќи има многу лековити својства. Затоа мацерат од лаванда треба да се најде во секоја домашна аптека.

    Мацерат од лаванда – лековити својства:

    Делува смирувачки, ја релаксира менталната и емоционалната напнатост, како и мускулните, дигестивните и менструалните грчеви, ја елиминира несоницата и главоболките.

    Ги ублажува акните, алергиите, чешањето, каснувањата од комарци, изгорениците, а одличен е и како антисептик. Се користи за инфекции на кожата, за нега на лице наместо ноќна крема, ја ревитализира кожата, делува против брчки, а добар е и за масажа при ревматизам.

    Исто така, можете да направите добар пилинг со мешање на две лажици ситна морска сол или мелен ориз со масло од лаванда (за да добиете густа паста). Ваквите третмани ќе го намалат воспалението на кожата и ќе ја забрзаат микроциркулацијата и производството на колаген. Можете да додадете масло од лаванда, да речеме една до две лажички, во колачиња или чоколадни мешавини за да ја подобрите аромата.

    Рецепт за мацерат од лаванда

    Ви треба:

    Цветови или листови од лаванда, нерафинирано маслиново масло (може да биде и бадем, сусам, сончоглед, кокос)

    Подготовка:

    Наполнете 2/3 од литарско стаклено шише со свежи или суви листови или цветови од лаванда, а потоа истурете маслиново масло до врвот. Чувајте го шишето на сонце четири недели, вртејќи го секојдневно. По четири недели, процедете го маслото преку газа и истурете го во помали стаклени шишиња. Чувајте го на ладно и темно место.

    ВНИМАНИЕ : Бремените и доилките не треба да користат есенцијални масла, особено лаванда.

    agrounik

    Чудесната лаванда

    Лавандата се одгледува насекаде низ светот главно како украсно растение, но нејзините лековити својства се познати уште од античко време. Старите Римјани се капеле во миризливи бањи во кои додавале масло од лаванда, додека Грците го користеле за лекување на проблеми со дишењето.

    Во 18 век, за време на епидемии на чума, луѓето вдишувале есенцијално масло од лаванда бидејќи верувале дека опојниот мирис ќе ги заштити од инфекции. Од ова растение се подготвуваат чаеви, билни капки и тинктури, есенцијално масло, купки или инхалации, а неговото дејство се засилува доколку се помеша со камилица, рузмарин или жалфија.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Забелешка:

    Природните лекови на нашиот портал се препораки од превентивен карактер за водење здрав начин на живот. Ако имате здравствен проблем, прво нешто што треба да направите е да се консултирате со лекар. Во никој случај не треба да се потпирате на алтернативна медицина без стручно мислење.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img