Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваБилни чаеви за смирување и добар сон

    Билни чаеви за смирување и добар сон

    petel baner

    Природните билни чаеви се корисни, дејствуваат брзо, ги релаксираат срцето и мускулите, може да се користат повеќе пати на ден и ретко предизвикуваат несакани ефекти.

    Но, важно е да се знае дека големи количини на билни чаеви се извор на биоактивни соединенија кои можат да влијаат на ефективноста на некои лекови, како и на одредени телесни функции.

    Чај од камилица

    Чајот од камилица се користи за смирување, намалување на анксиозноста и проблеми со спиењето.

    Otkup na kompiri

    Неговите корисни ефекти се познати уште од римско време, и многу студии го потврдија смирувачкиот ефект на камилицата.

    Ова се припишува на антиоксидантот апигенин и флавоноиди кои, врзувајќи се со рецепторот во мозокот. Имаат способност да ја намалат анксиозноста и да го подобрат квалитетот на спиењето.

    Но, чајот од камилица не треба да се конзумира две недели пред операцијата. Бидејќи поради присуството на кумарин во камилицата може да има благ антикоагулантен ефект.

    Чај од мајчина душица

    Чајот од мајчина душица има и релаксирачко дејство. Го подобрува расположението, ја намалува вознемиреноста и стресот и помага при проблеми со варењето на храната. Сепак треба да се внимава на неговата консумација.

    Поради можниот ефект врз намалувањето на нивото на шеќер во крвта, на дијабетичарите им се препорачува да го следат нивото на гликоза во крвта повнимателно кога користат мајчина душица.

    Исто така, може да влијае на функцијата на тироидната жлезда и не се препорачува за луѓе со болест на тироидната жлезда. Исто како и претходните чаеви – не треба да се консумира две недели пред операцијата.

    agrounik

    Чај од валеријана

    Валеријана е едно од најпознатите лековити растенија во светот и е синоним за природен седатив.

    Се користи за нервоза и вознемиреност, но не е антидепресив. Меѓутоа, ако претерате со неговата употреба, тоа може да предизвика чувство на тапост, поспаност, па дури и намалување на крвниот притисок.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Не се препорачува да се консумира во комбинација со седативи или хипнотици.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img