Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиКако делува првата вакцина за пчели во САД?

    Како делува првата вакцина за пчели во САД?

    petel baner

    Неодамна САД ја одобри првата вакцина за пчели против болеста гниење на пчелното легло.

    Оваа вакцина не делува како вакцините за луѓето, кои предизвикуваат развој на специфични антитела против болеста. Биолошкиот механизам на дејство е различен, бидејќи пчелите немаат адаптивен имунолошки систем и не можат да развијат антитела.

    Како делува вакцината?

    Американската вакцина се заснова на биолошки механизам наречен трансгенерациски имунолошки стимуланс (TGIP). Уште во 2006 година било забележано дека инсектите кои дошле во контакт со патогени бактерии, кога продолжуваат да се размножуваат, даваат потомци кои се отпорни на такви бактерии.

    Otkup na kompiri

    TGIP не го прави инсектот што доаѓа во контакт со патогенот имун или отпорен, туку неговото потомство. Токму оваа карактеристика била искористена за вакцината што е развиена од компанијата Dalan Animal Health и наречена Paenibacillus larvae bacterin.

    Се користи така што пчелите матици се хранат со храна со лек кој содржи неактивни бактерии Paenibacillus. Матиците положуваат јајца од кои се изведуваат нови пчели кои се отпорни на многу опасната американска болест гнилост на леглото.

    Австриски и шведски научници го проучувале овој механизам и го увиделе неговиот потенцијал. Бидејќи голем број индивидуи можат да се имунизираат за кратко време. Истражувачката група на професорот Карл Крејлсхајм од Универзитетот во Грац ги спровела првите тестови на бактеријата Paenibacillus larvae во 2014 година во соработка со д-р Далиал Фрајтак од Универзитетот во Хелсинки.

    Понатамошната работа на д-р Далиал Фрајтак заедно со колегата Хели Салмело, довело до регистрација на првиот експериментален лек наречен PrimeBee во 2019 година. Сепак, американската вакцина ќе биде првата што ќе се најде на пазарот.

    Револуција во третманот на пчелите

    Вакцината може да биде многу важна за пчеларството во САД и за земјите каде што се дозволени антибиотици за лекување на американската гнилост на леглото.

    agrounik

    Антибиотиците можат да го блокираат развојот на бактеријата Paenibacillus larvae. Но не можат да ги уништат спорите кои се акумулираат во кошниците. Ова го зголемува ризикот од повторна инфекција и ги прави пчеларите зависни од употребата на антибиотици.

    Вакцината би можела да биде алтернатива. А тоа е исклучително важно во Европската Унија, каде што не е дозволена употреба на антибиотици во пчеларството. Досега единствен начин за борба против оваа болест беше уништување и палење на кошницата каде што се појавила болеста.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Откриениот биолошки механизам на дејство на лекот би можел да послужи за развој на нови лекови. Кога станува збор за други болести на пчели и други инсекти кои се одгледуваат за биолошка контрола и за прехранбени цели.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img