Постојат важни производи, кои се многу корисни за нашето тело и треба често да ги консумираме за организмот да биде здрав и во добра кондиција.
Кафе
Поседува важни својства за намалување на ризикот од болести на црниот дроб и делува за нормализирање на крвниот притисок. Сепак, кафето може да биде корисно само ако се консумира во ограничени количини.
Едно до две кафиња дневно, што е препорачливо да ги пиете без додатоци како млеко, шеќер или други засладувачи.
Авокадо
Ова е една суперхрана затоа што му дава на организмот големо количество неопходни витамини, масти и минерали. Ги филтрира штетните материи и ги штити клетките од оштетување.
Авокадото е соодветно да се јаде самостојно или во салата.
Куркума
Овој зачин ја намалува количината на слободните радикали и штетата што може да биде предизвикана од нестабилните молекули.
Куркума делува како природен детоксикатор, ја нормализира тежината и помага во разградувањето на вишокот на мастите.
Грејпфрут
Помага за отстранување на токсините од телото и ги штити клетките. Високата содржина на витамин Ц делува антибактериско и противогрипно.
Овој плод е погоден и за домашни процедури за лице, коса и тело. Пијте секој ден по една чаша сок од грејпфрут или јадете во овошна салата.
Лук
Помага за активирањето на важни ензими кои помагаат за расчистување на токсините. Освен тоа има антиоксидантно дејство и антифунгални својства. Содржината на аргинин дава сила и свежинац на организмот.
Поткаснувајте две чешниња лук дневно.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK