домаАгро ВестиТекила - во канџите на климатските промени

Текила – во канџите на климатските промени

Prokredit baner

Националниот ден на коктелот Маргарита во Америка беше одбележан во сенка на предупредувањата на научниците. Климатските промени му се закануваат на главниот опрашувач на растението агава. Без него нема вистинска текила, а со тоа и главна состојка на коктелот маргарита.

Според податоците на Американското здружение на дестилатори, минатата година текилата и мескалот биле економски најбрзо растечката категорија на жестоки пијалаци, пренесува CNN.

Семенарна хоризонтален банер

Научниците од целиот свет предвидоа дека недостигот на вода предизвикан од климатските промени ќе продолжи да врши огромен притисок врз производителите на храна во иднина. Виното и алкохолните пијалоци, за жал, не се изземени од оваа прогноза.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Студијата од 2019 година покажа дека климатската криза, сточарството и прекумерното пасење и другите економски активности може да го нарушат одгледувањето и дистрибуцијата на агава. Тоа е главната суровина за производство на текила.

Тигар лого гиф

Растението е толерантно на суша и успева на топло време со малку или без вода. Сепак, животниот циклус на агавата е премногу кревок за да издржи големи временски промени.

– За жал, климатските ефекти не се линеарни. Екстремните временски услови во комбинација со непредвидливоста го отежнуваат предвидувањето во која насока ќе се движи одгледувањето на агава во иднина.

Националниот ден на коктелот Маргарита беше прогласен во 1971 година од страна на американскиот претседател Ричард Никсон. Така му се оддаде почит на омилениот коктел на Американците.

Petel.mk

Коктелот маргарита е создаден во 1938 година во Мексико. Направен е од текила и сок од лимета и се смета за омилен пијалок за забава во Америка.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img