домаАгро ВестиТурција е посветена на продолжување на договорот за извоз на жито

Турција е посветена на продолжување на договорот за извоз на жито

Prokredit baner

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Анкара е посветена на продолжување на договорот, кој е поддржан од ОН, и дозволува Украина да извезува жито преку пристаништата на Црното Море.

– Напорно работиме на непречено спроведување и натамошно продолжување на Договорот за жито – рече Чавушоглу во говорот на конференцијата на ОН за неразвиените земји, што се одржува во Доха, Катар.

Семенарна хоризонтален банер

Чавушоглу нагласи дека со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш разговарал за напорите за проширување на Договорот за жито, пренесе Ројтерс.

Тигар лого гиф
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Русија минатата среда објави дека ќе се согласи да го продолжи рокот на важност на договорот, доколку се земат предвид интересите на руските земјоделски производители.

Договор за извоз на жито од Украина преку црноморските пристаништа беше постигнат во јули минатата година меѓу Москва и Киев, со посредство на ОН и Турција, бидејќи Русија ги блокираше тие пристаништа по почетокот на конфликтот во Украина.

Petel.mk

Договорот беше продолжен во ноември и ќе истече на 18 март, доколку не се постигне договор за продолжување.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img