домаАгро ЗабаваЛеб од тиква

Леб од тиква

Prokredit baner

Леб од тиква никого не остава рамнодушен, лесно и брзо се прави и мора да се јаде топол. Во продолжение начин на подготовка.

Време на подготовка: 60 ​​минути
Време на печење: 60 минути
Број на порции: 2 леба

Семенарна хоризонтален банер

Состојки за леб од тиква:

500-600 гр пире од тиква
100 гр малку печени исчистени семки од тиква
1 кг меко брашно
Половина коцка свеж квасец (или кесичка сув)
250 мл млака вода
5 лажици маслиново масло
Лажица шеќер
Лажица сол

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Подготовка:

1 – Исечете 1 кг тиква на парчиња, па печете околу 1 час на 200 степени, додека тиквата не омекне. Потоа со вилушка изгмечете го „месото“ од тиква и оставете да се излади.

2 – Во сад со млака вода додадете шеќер, лажица брашно, издробете го квасецот, измешајте и оставете да нарасне околу 20 минути.

3 – Додадете пире од тиква, сол, маслиново масло и семки од тиква.

Измешајте сè, па полека додадете брашно во смесата. Добро измесете го тестото и формирајте една поголем или два помали леба.

4 – Тестото ставете го на плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и оставете го да нарасне најмалку половина час.

Тигар лого гиф

5 – Потоа премачкајте го со неколку лажици масло, па печете 50-60 минути во рерна загреана на 190 степени.

6 – Испечениот леб ставете го на решетка, покријте го со памучна крпа и оставете го малку да „одмори“. Кога ќе се излади, можете да го исечете.

Petel.mk

Забелешка:

Од оваа количина најчесто се добиваат два леба, еден за вечер и еден за наутро. Оставете го тестото во фрижидер и наутро само формирајте леб, оставете го 30 минути да стаса. Калапот за леб има димензии 12X30.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро забава, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img