Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство се сретнаа со производителите на свињи од поширокиот кумановски регион.
Сточарите не отстапуваат од барањата. Велат дека нема заболени свињи од африканска чума во нивните фарми и бараат повлекување на сите мерки.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски во изјава за медиумите пред средбата со производителите истакна дека само во две населени места во Кумановско сè уште важат мерките. Во останатите населени места во источниот дел од државата каде беа регистрирани првите случаи. Преземени се сите мерки и од страна на сточарите и од Агенцијата. Сите потребни мерки и таму состојбата е стабилна, мерките се укинати.
Во Кумановско, штом се завршат мерките во две населени места ќе се ослободат сите, изјави директорот на АХВ.
Укинувањето на мерките зависи од сточарите.
– И на претходните средби истакнавме дека се работи според закон, добра волја, никако на сила, никако со примена на репресивни мерки, вели Бабовски.
Тој кажа дека има добра волја кај сточарите, вети поддршка од Агенцијата. Механизација, опрема, обесштетување од државата за одземените животни по пазарни цени. На прашање дали ќе се снабди локалниот пазарот со свинско месо пред Велигден, Бабовски вели дека државава е увозно единствено независна од свежо свинско месо.
– Тука учествуваат и помалите производители и големите фарми, изјави Бабовски.
Сточарите пак велат дека ниту една свиња во месностите Љубодраг, Ново Село, Умин Дол, не угинала веќе шест месеци, а во Тромеѓа три месеци.
Производителите на свињи во неколку наврати ги блокираа регионалните патишта Куманово-Скопје (стар пат) и Куманово-Свети Николе.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK