Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Saturday, November 23, 2024

More
    домаситеЕкстракт од кора од див костен, чај и маст

    Екстракт од кора од див костен, чај и маст

    petel baner

    Примарната активна состојка која се наоѓа во екстрактот од див костен е есцин. Се состои од мешавина од тритерпенски сапонини, кои ги има во изобилство во кафената кора на плодот и нешто помалку во другите делови на растението.

    Со оглед на тоа што сапонините се пенат, екстракт од семки од див костен некогаш се користел за миење на деликатна свила и волнени ткаенини. Сапонините од див костен спречуваат акумулација на течности во телото и позитивно делуваат на вените.

    Otkup na kompiri

    Позитивните ефекти на есцинот се докажани. Див костен се користи како помош за вените и капиларната терапија. Го намалува оштетувањето на капиларите, ги зајакнува нивните ѕидови и штити од едем. Покрај есцинот, некои од активните компоненти на плодот од див костен се флавоноиди и танини. Содржи и скроб, шеќер, масла и витамини.

    Екстракт од кора од див костен

    Една лажица сечкана кора се прелива со 2 dcl вода и се остава да кисне 12 часа и потоа се цеди. Сечканата кора може да се прелие со топла вода, да се покрие и да се остави да отстои 1 час и потоа да се процеди. Се пие во голтки од две до три шолји чај со екстракт дневно.

    agrounik

    Маст

    Растопете 200 гр свинска маст (лој) и со мешање полека прелијте со 1 dcl алкохолен екстракт од кора од див костен. Штом алкохолот испари, препаратот се трга од оган и се лади. Со овој препарат се мачкаат погодените области на кожата неколку пати на ден.

    Чај

    1 лажица (околу 1 g) суви цветови или листови се прелива со 2 dcl топла вода. Се остава да отстои 5 до 10 минути и потоа се цеди. Пијте 2 до 3 шолји чај во текот на денот во голтки против кашлица.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Може да помогне при ишијас, артритис и ревматизам

    Се толчи див костен, на пр. со чекан за месо, на чиста даска. Се полни една тегла, а одозгора се истура 96% алкохол. Теглата треба добро да се затвори и да се остави да отстои четири недели на сонце или на топло место. После тоа се цеди и добиената течност се користи за масажа на болните места, три пати на ден додека болеста целосно не престане.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img