Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаФинансирањеШто е тоа микрокредитирање во Земјоделието?

    Што е тоа микрокредитирање во Земјоделието?

    petel baner

    Што е тоа микрокредитирање во Земјоделието и што е разликата помеѓу брзите кредити и микрокредитирањето?

    Брзите кредити и микрокредитирањето се две различни финансиски услуги кои нудат краткорочни кредити, но имаат неколку разлики.

    Otkup na kompiri

    Брзите кредити се краткорочни кредити кои се одобруваат и исплаќаат брзо, често во рок од еден ден или два. Овие кредити се често користат за да се исплатат неочекувани трошоци.

    Обично овие кредити имаат високи каматни стапки и огромни скриени трошоци кои што дополнителни ги оптеретуваат Земјоделците кои што одлучиле да земат вакви кредити.

    Микрокредитирањето е облик на финансиска услуга која овозможува мали заеми на физички лица или мали бизниси кои немаат пристап до традиционални банки.

    Овие кредити се одобруваат за суми од неколку стотици или неколку илјади евра.

    Микрокредитите се карактеризираат со помали каматни стапки од брзите кредити и често се одобруваат за подолг период на отплата и до 7 години или 84 рати.

    Главната разлика помеѓу брзите кредити и микрокредитирањето е во тоа што брзите кредити се користат за покривање на неочекувани трошоци во краток период од време, додека микрокредитите се користат за финансирање и развој на мали бизниси.

    Каматните стапки на микрокредитите се помали отколку каматните стапки на брзите кредити и немаат скриени трошоци.

    Микрокредитирањето е форма на финансирање која им овозможува на помали Земјоделци и индивидуални лица да ги финансираат своите проекти и идеи.

    Што е тоа микрокредитирање во Земјоделието?

    Една од организациите во Македонија кои ги нудат овие услуги е Микрокредитна фондација Хоризонти.

    Корисниците на Микрокредитната фондација Хоризонти се индивидуални земјоделски производители кои имаат потреба од финансирање:

    1. набавка на земјоделска механизација и опрема,
    2. зголемување на сточен фонд,
    3. набавка на суровини и репроматеријали,
    4. како и други тековни расходи за примарно земјоделско производство.

    Што можете да очекувате од Микрокредитната фондација Хоризонти?

    Првенствено, прилагодени отплатни рати согласно земјоделските приходи.

    Ова значи дека отплатата на заемот е прилагодена на приходите на вашето земјоделско стопанство, за да може да го отплатите без да се ставате во финансиска криза.

    Покрај тоа, персоналот на Микрокредитната фондација Хоризонти ви помагаат да го најдете најприфатливото обезбедување на заемите.

    Микрокредитната фондација Хоризонти има различни видови на заеми кои им се наменети на земјоделските производители.

    На пример, има АГРО заеми, АГРО ПРЕМИУМ заеми, АГРО ПРЕМИУМ ФЛЕКС заеми, АГРО ИНВЕСТ заеми и АГРО ИНВЕСТ ФЛЕКС заеми.

    agrounik

    Секој вид на заем има свои специфичности и прилагоден е на потребите на земјоделските производители.

    Сумата што може да се подигне од Микрокредитна фондација Хоризонти за намена за инвестирање во Земјоделието е до 900 000 денари или до 15 000 евра со рок на отплта преку флексибилни рати до 7 години или 84 месеци.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Агро заеми со флексибилни рати

    За повеќе корисни стории посетете не на веб страната на земјоделие.мк , како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img