Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиЕУ е премногу зависна од увоз

    ЕУ е премногу зависна од увоз

    petel baner

    ЕУ е премногу зависна од увоз – мора да стане самодоволна во производството на храна. Потребен е стратешки план за да се обезбеди достапност на храна, вклучително и користење на стратешки залихи. Дел од овој план треба да биде и Стратегијата на ЕУ за протеини и сточна храна.

    Комитетот за земјоделство и рурален развој на Европскиот парламент смета дека на Европската унија и е потребен план за да се обезбеди достапност на храна.

    Otkup na kompiri

    Нацрт-резолуцијата „Обезбедување прехранбена безбедност и долгорочна отпорност на земјоделството на ЕУ“, комисијата ја усвои со 39 гласа „за“, 8 против и 0 воздржани. Претставниците нагласуваат дека пандемијата COVID-19 и конфликтот во Украина ги изложија структурните проблеми во европскиот земјоделски сектор. Тие повикаа на зајакнување на безбедноста на храната и автономијата на ЕУ.

    Помала зависност од увоз

    Од Комисијата се очекува стратешки план за да се обезбеди достапност на храна, вклучително и користење на стратешки залихи. Дел од овој план треба да биде и Стратегијата на ЕУ за протеини и сточна храна за земјоделците да бидат помалку зависни од увоз од трети земји. Привремените мерки на ЕУ за поддршка на земјоделците усвоени во светло на војната во Украина треба да се задржат доколку конфликтот продолжи.

    Нови техники и технологии 

    Исто така, беше истакнато дека е неопходно да се користат нови техники на одгледување. Оние кои ги прават поотпорните култури и ја намалуваат употребата на синтетички ѓубрива и пестициди.

    Финансиските средства треба да го поддржат пристапот на малите земјоделци до дигитални технологии и прецизно управување со земјоделските култури. Да се поддржи модернизацијата на капацитетите за наводнување и унапредувањето на новата инфраструктура за управување со водите.

    agrounik

    Фрлање на храната и реципроцитет во трговијата

    Во светот една третина од храната се фрла. Европратениците повикаа на кампањи против нејзиното трошење, национални превентивни програми и соработка меѓу супермаркетите и банките за храна.

    Велат дека е потребно да се инвестира во инфраструктура за поодржлив транспорт и складирање на земјоделските производи. Упатен е повик да се даде посебно поглавје на храната и земјоделските производи во трговските договори за да се гарантира реципроцитет меѓу европските и производителите од трети земји.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Нацрт-резолуцијата сега ќе биде ставена на пленарно гласање, веројатно за време на седницата од 12 до 15 јуни.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img