Зголемувањето на цените на тестенините во Италија, која држи четвртина од светското производство, доведува до зголемување на цените на оваа храна во другите земји во светот каде што е главен извозник. Цената за килограм тестенини во Италија надмина две евра.
Тестенините отсекогаш се сметале за најевтиниот оброк кој се наоѓа на италијанските трпези секој ден. Килограм тестенини денес чини во просек повеќе од две евра. Тоа е многу поголем пораст од оној што го бара инфлацијата во таа земја. Инфлацијата е во континуиран пад во однос на пост-ковидовите вредности. Во март беше 7,6%.
Се поставува прашањето зошто продолжуваат да растат цените на тестенините?
Асутенти, италијанското здружение на потрошувачи, посочува дека желбата на производителите да произведуваат поквалитетни производи, која долго време е цел на пазарната стратегија, може да влијае на цената на тестенините. Но тоа сепак не е доволно за да се оправда ваквото поскапување.
Од друга страна, производителите посочуваат дека повисоките логистички и дистрибутивни цени се причина за поскапувањето, иако цените на пченицата се стабилни, па дури и намалени.
– Цената на пченицата е иста на целата национална територија и чини околу 38 центи за килограм. Навистина е нејасно колку е поскапена и колкава е разликата меѓу регионите. Поради оваа причина, ќе спроведеме истрага за да видиме дека не се случајни шпекулации и некои аномалии кои водат до такво зголемување на цените на мало – истакнува претседателот на Asutenti, Фулвио Труци.
Италија е една од најважните земји во производството на тестенини, каде годишно се трошат 23 килограми по жител.
Цените на тестенините се разликуваат од град до град. Од Анкона, каде тестенините чинат најмногу според Асутенти, речиси три евра за килограм, до Козенца, каде што чинат најмалку, околу 1,48 евра. Разликата е речиси 64,8%.
Во 2022 година, во многу италијански градови каде тестенините чинеле 1,37 евра за килограм денес тоа е 2,17 евра.
Покрај сето тоа, потребно е да се внимава и на таканаречениот „Смалување“ феномен. Компаниите го искористуваат така што навидум ги одржуваат цените исти додека не им се намали профитот.
Тоа е можно со намалување на количината на производи во амбалажата, што потрошувачите не го забележуваат. Во пракса тоа значи дека потрошувачите плаќаат иста цена за производ чија количина е намалена.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK