Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

13.8 C
Skopje
Tuesday, October 1, 2024

More
    домаАгро ВестиКриза во Европската индустрија за компири

    Криза во Европската индустрија за компири

    petel baner

    Поради екстремните временски услови, Европската индустрија за компири е во криза.

    Минатата година беше втора најтопла досега во Европа. Екстремната суша доведе до драматичен пад на вкупното производство на оваа култура.

    Проценките покажуваат дека бербата во Северна Европа, Обединетото Кралство и Ирска била околу два милиони тони помалку од вообичаеното. Тоа е околу една третина од вкупното производство на компири во Обединетото Кралство и Ирска. А дистрибутерите и преработувачите сега се обидуваат да ги снабдуваат клиентите од залихите кои брзо се намалуваат. Резултатот е драматично зголемување на цените, особено во преработувачкиот сектор.

    Otkup na kompiri

    Минатата година производството се карактеризираше со високи влезни трошоци, особено складирањето поради поскапувањето на енергенсите. Залихите никогаш не биле пониски. Лошите временски услови продолжија и во 2023 година.

    agrounik

    Садењето беше одложено поради неодамнешните поплави во Италија и поголемиот дел од Јужна Европа. Сеидбата во Ирска доцнеше поради студеното време.
    Се очекува значителен пад на приносите.

    Прогнозите не се ветувачки, а велат дека ќе има недостиг од овој зеленчук во Европа.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Цената на компирот е значително зголемена во последните неколку месеци и продолжува да се зголемува, особено за специјализираните сорти за преработка и сечење. Побарувачката за компири и производи повторно расте, но индустријата нема да може да ја задоволи побарувачката во следните 12 месеци поради екстремните услови во Европа во последните две сезони.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img