Стручни лица предупредија дека има појава на болеста пепелница кај виновата лоза во речиси сите лозарски региони.
Како што беше објавено на фејсбук страницата на Агрометеоролошки станици Кавадарци. По извршениот увид за здравствената состојба на лозовите насади и теренската анализа. Утврдено е присуство на пепелница речиси на сите сорти винова лоза во сите лозарски реони.
– Идеалните услови за развој на пепелница во наредните денови можат да доведат до значително губење на квантитетот и квалитетот на добиеното грозје. Исто така поради големото присуство на црно гниење на листовите од виновата лоза предизвикано поради оптималните услови (ниски температури, постојана влага). Можеме да очекуваме дополнително намалување на квантитетот и квалитетот на добиеното грозје, се вели во известувањето до лозарите од Тиквешко, како најголем лозаровинарски регион во државата.
За да се справат со овие две болести, тимот агрономи во винарската визба „Тиквеш” препорачува заштита со соодветни заштитни средства. Наведени во известувањето до производителите на грозје. Оттаму и препораката, да не се врши почвена преработка во наредните 7 -10 дена. Зашто може дополнително да се влоши состојбата со лозови насади.
За дополнителни совети и консултации околу заштитата, лозаропроизводителите може да ги контактираат агрономите од Одделението за управување со грозје при ВВ “Тиквеш”.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK