Малини здрави и вкусни плодови со одличен вкус и арома. Ако сакате да уживате во нивниот вкус преку целата година подгответе го овој неодолив џем.
Лесен и брз рецепт за џем од малини кој совршено одговара за подготовка на различни десерти, палачинки, мафини или едноставно намачкан на кришка леб.
Состојки:
2 килограми малини
700 грама шеќер
Подготовка:
За подготовка на овој џем од малини, треба да користите тенџере поголемо од 30 сантиметри за да имате простор за мешање.
Пред да почнете со подготовката на овој рецепт, потребно е да имате измиено неколку мали теглички за да го складирате џемот.
Во тенџере на оган и тоа на највисока температура ставете ги да се варат малините и шеќерот. Постојано мешајте за да не ви загори смесата.
Откако ќе помине половина час од варењето, намалете ја температурата и така варете дополнителни 20 минути.
Проверете дали џемот од малини ја добил посакуваната густина. Ставете една лажичка од него на чинија (која претходно сте ја чувале во фрижидер околу 5 минути) и комплетно изладете го џемот со мешање. Доколку џемот успешно се претвори во желе, во тој случај веднаш можете да го тргнете од оган и да го складирате во тегли.
Вака подготвениот џем од малини, доколку е чуван соодветно, може да трае неколку години.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK