Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

3.8 C
Skopje
Wednesday, October 2, 2024

More
    домаАгро ВестиНови мерки за поддршка на пченица, јачмен и ориз 

    Нови мерки за поддршка на пченица, јачмен и ориз 

    petel baner

    Владата на седница, по предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги усвои предложените мерки за поддршка на производителите на јачмен, пченица и ориз.

    Нови мерки за поддршка на земјоделците, навремено и на самиот почеток од жетвата, подготвени во консултации со подсекторската група за жито. Мерки прифатени од земјоделците и во интерес на земјоделците.

    Со измени на Уредбата за директни плаќања креираме мерка, дополнителна субвенција, за остварено производство на јачмен во вредност од 12.000 денари по хектар, без скалесто субвенционирање. Мерка наменета за производителите на јачмен, кои оствариле минимален принос од 3.000 кг/ха и кои своето производство го имаат продадено кај регистрирани откупувачи. Или складирано во регистрирани објекти, продадено на домашни фарми. Или пак производството го искористиле во сопствените фарми во период до 31 август 2023 година.

    Otkup na kompiri

    Преку измени во Програмата за директни плаќања кај мерката 7 ја зголемуваме поддршката и го зголемуваме рокот. За предавање во складишни капацитети на производството од пченица и јачмен. Кој наместо од 1 август, ќе почнува од 15-ти јуни и ќе трае до 1 септември 2023 година.

    Ваквата измена е со цел да ги опфатиме и оние земјоделци кои досега веќе го предале своето производство. Сите земјоделци кои ќе го предадат производството на складирање заклучно со 1 септември ќе можат да добијат финансиска поддршка за целиот период.

    Додека количините се во складиштата, односно до крајот на годината. Преку измените кај оваа мерка се зголемува и финасиската поддршката која од 500.000 денари се згулемува на 1.500.000 денари по корисник.

    agrounik
    Нова мерка за подршка е донесена и за проиводителите на ориз, менувајќи ја подмерката 1.2 од Уредбата за директни плаќања.

    Преку измените висината на дополнителни директни плаќања за ориз изнесува 12.000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал. А 19.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал.

    Сите земјоделци кои имаат засеано површини со ориз, со сертифициран семенски материјал. Доказите за набавка на истиот треба да ги достават до подрачните единици на МЗШВ. Каде што имаат поднесено барање за финансиска поддршка, најдоцна до 14 јули.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Мерките кои Владата ги усвои на седницата претставуваат континуитетот во подршката на домашното прозиводство. Што е и главната цел на Националниот план за производство на храна, што беше донесен минатата година.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img