Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеОва се 9-те најздрави намирници на планетата!

    Ова се 9-те најздрави намирници на планетата!

    petel baner

    Боровинките помагаат во зајакнување на крвните садови, компирот го зајакнува имунитетот, а оревите можат да ви го подигнат расположението. Овие 9 намирници се на врвот на листата на најздрави намирници на планетата.

    Кромид

    Одличен е во борбата против разни болести, а наводно може да спречи развој на голем број бактерии. Кромидот содржи многу корисни материи, а најважни лековити материи се алицинот и гликозидот. Има антибактериско дејство и традиционалната медицина најчесто го препорачува за лекување на кашлица.

    Otkup na kompiri

    Брокула

    Една мала порција брокула содржи повеќе од потребната дневна доза на витамин К, кој е исклучително важен за градење и зачувување на коските. Еднаква количина на брокула може да спречи развој на разни малигни заболувања.

    Компир

    Еден црвен компир содржи 66 микрограми фолна киселина (витамин Б група), која е неопходна за развојот и растот на детето. Еден сладок компир е полн со витамин А, кој е одговорен за зајакнување на имунитетот.

    Ореви

    Содржат најмногу омега-3 масни киселини, кои го намалуваат холестеролот, го подобруваат расположението и се борат против развојот на малигни заболувања.

    Лимон

    Еден лимон содржи повеќе од препорачаната дневна доза на витамин Ц, кој му помага на телото да се бори против воспалението, ги зајакнува коските и го одржува здравото ниво на холестерол. Цитрусните флавоноиди во лимонот може да го спречат развојот на клетките на ракот.

    Боровинка

    Ова овошје е богато со влакна, е одличен антиоксиданс и е исклучително корисно за зајакнување на крвните садови. Боровинките се и одличен извор на витамин Ц, биофлавоноиди, фолна киселина, калиум, калциум и железо.

    agrounik

    Спанаќ

    Најголемата придобивка од спанаќот е количината на витамини и минерали: тој е богат извор на фолна киселина (49% од препорачаната дневна доза по оброк), витамини А, Б, Ц, Е, железо, манган и калиум.

    Авокадо

    Според некои истражувања, го намалува холестеролот за дури 22%. Авокадото содржи и високи количини на калиум, кој помага во намалување на крвниот притисок, а според американскиот Национален институт за срце, бели дробови и крв, еден од најдобрите начини за контрола на високиот крвен притисок е да се консумира доволно калиум.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Печурки

    Вкусна месна храна која може да биде одлична нискокалорична замена за црвеното месо. Печурките го регулираат нивото на естроген кај жените и штитат од рак на дојка.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img