Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиИндија го забрани извозот на ориз

    Индија го забрани извозот на ориз

    petel baner

    Со цел да го спречи растот на цените на домашниот пазар поради намалените залихи по монсунските дождови, Индија забрани извоз на ориз.

    Од 20 јули е забранет извозот на бел и кршен ориз. Со исклучок на басмати, соопшти Министерството за храна на Индија.

    „Со цел да се обезбеди соодветна достапност на бел ориз на индискиот пазар, со исклучок на сортата басмати, и да се ублажи растот на цените. Индиската влада ја промени својата извозна политика“, соопшти Министерството.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Напоменуваат дека малопродажните цени на оризот во Индија во изминатата година се зголемени за 11,5 отсто. Индија учествува со повеќе од 40 отсто од светскиот извоз на ориз. А во 2022 година извезе околу 10 милиони тони бел и кршен ориз, без сортата басмати. Вкупно се извезени 22 милиони тони ориз.

    Оризот е основна намирница за повеќе од три милијарди луѓе. А неговите цени на светските пазари се блиску до највисокото ниво во последните 11 години. Дури 90 отсто од културата, чие одгледување бара многу вода, се произведува во Азија. Каде временскиот феномен Ел Нино обично носи помалку врнежи.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Поради Ел Нино, цените на оризот од Виетнам, третиот најголем извозник во светот по Индија и Тајланд, скокнаа оваа недела на највисоко ниво во повеќе од 10 години.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img