Годинава целокупното производство на шумски производи во државните шуми е намалено за 24,9 отсто.
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2023 година во однос на второто тримесечје од 2022 година е намалено за 24,9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемување на шумското производство е забележано кај друго обло дрво од иглолисни видови и просторното дрво од иглолисни видови. А намалување кај трупците, рудничкото и огревното дрво − од иглолисни и листопадни видови.
Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 82 255 метри кубни и бележи намалување за 37,5 отсто.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK