Денеска и утре (15 и 16 сптември) на градскиот плоштад во Тетово ќе се одржи Саем за презентација и продажба на мед и пчеларска опрема.
Манифестацијата е насловена „Слатки денови на Тетово“, а ја организираат здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“.
-Оваа манифестација„Слатки денови на Тетово“, е петта по ред. Повеќе десетици пчеларите кои се членови на здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“ ќе се претстават со нивните производи на плоштадот, информира Владимир Петровски од „Полошки мед“.
Во претходните години двете здруженија организираа и натпревар за квалитет на мед „Тетово награди за мед“ но годинава истиот нема да се одржи.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK