Денеска во Спортско рекреативниот комплекс во Куманово ќе бидат отворени шестиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска Трпеза“ и вториот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак“.
На саемот активно учество ќе земат околу 10.000 луѓе од кои 250 до 300 излагачи од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Република Српска, Босна и Херцеговина, Словачка, Унгарија, Црна Гора, Косово, Турција и други.
Саемите имаат уникатна програма која вклучува повеќе содржински компоненти и тоа изложбен дел. На него преку свои штандови учество ќе земат производители, откупувачи и преработувачи на храна, пијалоци и земјоделски производи. Потоа трговци со амбалажа, алати, опрема, машини и механизација. Како и производители и трговци на семе и саден материјал, хортикултура и инпути во земјоделско производство.
Од Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „ЖИВОТ“ и Комората на Органски Производители – КОП од Куманово, кои се поддржани од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.Македонија и Општина Куманово. За организацијата на саемите, најавија дека вториот е промотивен дел за претставување на општини, стопански комори, кластери, асоцијации, федерации, задруги, здруженија, владини и невладини организации и агенции. Но и Здруженијата на заедниците на националностите во Македонија. И здруженијата и организациите кои ги негуваат традицијата, занаетите и фолклорот ќе приредат традиционални трпези на кои ќе презентираат традиционална храна, фолклор и култура.
На традиционалните трпези ќе презентираат традиционална храна, фолклор и
култура.
Трета компонента е едукација, четвртата средби и презентации на компании. Додека петата компонента е ревијална изложба на украсни, пердувести животни и домашни
миленици.
За време на саемот предвиден е и стручен натпревар на ученици од средни земјоделски училишта од државава, како и од Србија и Црна Гора.
Саемот ќе биде збогатен и со културно-уметничка, сценска програма, музички
сегменти и ревија и уметничко-детско катче за најмалите посетители, а ќе се
организираат и кулинарски настани.
Во склоп на саемите „Органска Трпеза“ и „АгроМак“, оваа година ќе се
организираат и манифестациите „Денови на Традицијата“, „Кумановска Празијада“ и
„Суџуклијада“.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK