домаАгро ЗабаваРецепт: Чорба од домати

Рецепт: Чорба од домати

Prokredit baner

Чорбата од домати е здрава, полна со антиоксиданси, вкусна и целосно приспособлива по ваш вкус, а со разни додатоци станува уште побогат и поароматичен нејзиниот вкус.

Подгответе ја оваа чорба од домати, која ќе ве стопли и благотворно ќе делува на дигестивниот систем.

Тигар лого гиф
  • Потребни состојки:
  • 1 kg зрели домати
  • 2 лукчиња, ситно исецкани
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • малку црн бибер
  • малку свеж босилек
  • 1 лажица брашно
  • 1 компир со средна големина
  • 500 ml вода

Начин на подготовка:

Семенарна хоризонтален банер

Доматите првин излупете ги и насечкајте ги на ситни парченца. Компирот исто така излупете го и насечкајте го на ситни парченца. Во тенџере на оган ставете го брашното и маслиновиот зејтин и сосема кратко пропржете, па додајте ги насечканите домати и компири. Убаво измешајте и додадете ја водата, варете околу 10-тина минути на тивок оган.

Petel.mk
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Сварената смеса изблендирајте ја со рачен блендер за да добиете густа и еднолична смеса. Потоа додадете ги солта, црниот бибер и лукчето и оставете да се вари на тивко уште 5-10 минути. На крај декорирајте со ливчиња свеж босилек и уживајте.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро забава, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img