домаАгро ВестиСтабилни светските цени на храната во текот на септември

Стабилни светските цени на храната во текот на септември

Pneumatik baner

Светските цени на храната не се променија значително во септември во однос на август. Растот на цените на пченката и шеќерот беше делумно неутрализиран со падот на цените на растителното масло.

Индексот на светските цени на храната во септември изнесуваше 121,5 поени, додека во август беше на ниво од 121,4 поени.

Семенарна хоризонтален банер

Цените на храната се за 10,7 отсто пониски отколку во септември 2022 година и 24,0 отсто пониски во однос на историскиот максимум од март минатата година.

Тигар лого гиф
Reklamiraj se na zemjodelie.mk
Индексот на цените на житните култури се зголемува за еден процент месечно. Пред се поради тоа што во истиот период пченката поскапела за седум отсто. Иистовремено цената на пченицата паднала за 1,6 отсто.

Индексот кој ги следи промените на цените на растителното масло падна за 3,9 отсто, а шеќерот порасна за 9,8 отсто во однос на претходниот месец и сега е на највисоко ниво од ноември 2010 година.

Прелиминарните прогнози укажуваат на пад на производството на шеќер во Тајланд и Индија поради последиците од климатскиот феномен Ел Нињо.

petel baner

Светските цени на млекото во септември паднале за 2,3 отсто во однос на август, а месото за еден отсто.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img