Пробиотици – покрај подобрата дигестивна функција и основа за силен имунитет, можат да ни помогнат и да го намалиме нивото на холестерол. Да се заштитиме од алергии како и да спречиме малигни заболувања и други болести.
Сите пробиотици се форма на добри бактерии кои се наоѓаат во цревата со важни улоги во нашето тело, од апсорпција на хранливи материи до јачина и стабилност на имунитетот.
Не само што пробиотиците се неопходни за варење, туку има и бројни други здравствени придобивки од консумирањето храна богата со пробиотици.
Еве кои намирници се најсилните природни пробиотици:
Кефир
Овој ферментиран млечен производ е уникатна комбинација од млеко и ферментирани зрна кефир. Се консумира повеќе од 3000 години, потекнува од Русија и Турција и значи „да се чувствуваш добро“. Има малку кисел вкус и содржи од 10 до 34 видови на пробиотици.
Слично е на јогуртот, но бидејќи се ферментира со квасец и со повеќе бактерии, финалниот производ содржи повеќе пробиотици и помалку лактоза. Ова го прави соодветен избор за многумина кои се нетолерантни на лактоза.
Кисела зелка
Киселата зелка е богата со органски киселини кои влијаат на размножувањето на добрите бактерии. Има висока содржина на витамин Ц и дигестивни ензими. Исто така е добар извор на природни бактерии на млечна киселина, како што е лактобацилот.
Комбуха
Комбухата е необична, лигава, мрежеста печурка создадена од симбиотска колонија на бактерии и квасец. Познат е повеќе од 2000 години, со потекло од Јапонија. Постојат многу докажани тврдења за квалитетот на комбухата, но нејзините примарни здравствени придобивки се за варење, зголемена енергија и детоксикација на црниот дроб.
Јогурт
Веројатно најпопуларната пробиотска храна е култивираниот пробиотски јогурт направен од кравјо, козјо или овчо млеко. Заедно со кефирот, се рангира на самиот врв на пробиотската храна доколку потекнува од органски одгледани животни и не е пастеризирана. Експертите за исхрана препорачуваат јогурт направен од козјо или овчо млеко.
Младо сирење
Козјото, овчото и меките кравји сирења се особено богати со пробиотски бактерии. Секогаш купувајте сирови и непастеризирани сирења ако сакате да извлечете максимум од пробиотиците, бидејќи на пастеризираните и преработените сорти им недостасуваат корисни бактерии.
Јаболков оцет
Освен што го контролира крвниот притисок, го намалува нивото на холестерол, ја подобрува чувствителноста на инсулин, па дури и слабеењето. Јаболковиот оцет може да помогне и во зголемувањето на внесот на пробиотици. Пијте по малку секој ден (лажичка наутро) или користете го како додаток за салата, за да ги максимизирате резултатите од употребливоста.
Кисели краставици и корнишони
Краставиците и корнишоните се неоправдано малку признат извор на пробиотици и природни бактерии со млечна киселина. Доаѓа зима, а со тоа и подготовка на зимско складирање. Затоа изберете ги краставичките за вашата зимница, но внимавајте да не користите премногу конзерванси и сол.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook, Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK