домаАгро ВестиПомош до 10 милиони денари за набавка на педигриран добиток

Помош до 10 милиони денари за набавка на педигриран добиток

Prokredit baner

Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР распиша јавен повик за мерката 121.1 поддршка за набавка на педигриран добиток.

Поддршката од оваа мерка, појаснуваат од МЗШВ, се однесува за набавка на педигриран добиоток како висостелни јуници за млеко, месо и комбинирани млеко-месо и месо-млеко, со исклучок на расата Буша. Потоа набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци и набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози.

Тигар лого гиф

Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Семенарна хоризонтален банер

– Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 10 милиони денари. Што претставува поврат на направената инвестиција од 50 – 75 проценти. Рокот за аплицирање е до 16 ноември 2023 година, а аплицирањето за оваа мерка се врши по електронски пат. Односно сите заинтересирани ќе треба да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за инвестицијата. И да ги прикачат сите потребни документи преку порталот e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Petel.mk
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Од Министерството напоменуваат дека барателите кои имаат важечки договор од претходните години за набавка на добиток, однсно истите не ја реализирале планираната инвестиција, немаат право да аплицираат на овој јавен повик.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

 

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img