Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

15.8 C
Skopje
Thursday, May 2, 2024

More
    домаситеКои јаткасти плодови се најздрави?

    Кои јаткасти плодови се најздрави?

    petel baner

    Јаткастите плодови се неизоставен дел од здравата исхрана. Тие се одлични како ужина меѓу оброците, како грицки за на работа или како додатоци во разни јадења.

    Знаејќи го фактот дека се многу здрави, често луѓето се прашуваат кои јаткасти плодови се најдобри за консумирање. Нутриционистите направија ранг листа на најздравите јаткасти плодови. Еве како таа изгледа:

    Ф’стаци

    Ф’стаците се најдоа на првото место на ранг листата поради тоа што се одличен извор на протеини, влакна и здрави маснотии. Нутриционистката Керолин Браун ги нарекува овие плодови “activity food” (храна за активност) бидејќи ф’стаците се продаваат во лушпа, а за да уживаме во нив, треба да ги лупиме. Керолин вели дека оваа “активност” е одлично средство против емоционалното прејадување.

    Ореви

    Во народната медицина, оревите се сметаат за одлична храна која го чува здравјето на мозокот, бидејќи со својот облик тие потсетуваат на мозок. Нутриционистите се сложуваат со овој интуитивен факт, бидејќи оревите содржат есенцијални омега-3 масни киселини, кои играат важна улога во физиологијата на мозокот. Покрај тоа, тие штитат од срцеви болести и ги намалуваат воспаленијата во организмот, вели нутриционистката Алана Волдрон.

    Бразилски ореви

    Бразилските ореви се на високото трето место бидејќи се богати со селен, минерал со моќни антиоксидантни својства. “Консумирајте бразилски ореви секогаш кога сте загрижени за своето репродуктивно здравје или доколку имате проблеми со тироидната жлезда” – вели нутриционистката Џесика Кординг.

    Индиски ореви

    Agrobot

    Нутриционистите ги препорачуваат овие јаткасти плодови поради изобилството на бакар и магнезиум. “Бакарот е важен за правилното искористување на железото во организмот, а магнезиумот помага во регулација на мускулните и нервните функции, а го контролира и нивото на шеќер во крвта”, вели Алана. Нивната употреба е разновидна – тие се одлични за правење на млеко, можат да се користат како кремаст сос, сирење итн.

    Бадеми

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Бадемите се познати по својата висока концентрација на витаминот Е, кој е важен за здрава и блескава кожа. Освен тоа, витаминот Е игра важна улога во имунолошкиот систем и го штити организмот од штетните материи. Бадемите содржат магнезиум, калциум и фолат. Како и незаситени масни киселини кои ги намалуваат воспалителните процеси и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Консумирајте ги сирови или печени, во форма на масло, брашно, млеко или едноставно крупни насецкани во салата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img