домаситеШто е амарант и зошто е толку здрав?

Што е амарант и зошто е толку здрав?

Prokredit baner

Амарант е житарка со бледо жолта боја која наликува на просото со голема нутритивна вредност, не е калорична и е многу здрава.

Зрната амарант се содржат многу протеини (12-13%) што е најмногу во однос на другите житарици. Амарантот ги содржи есенцијалните аминокиселини лизин, метионин и цистеин.

Освен протеини амарантот содржи и 5-9% масти од кои 77% се незаситени масни киселини меѓу кои доминира линолната киселина. Јаглехидратите во зрната се воглавно во форма на скроб и сосема малку шеќер.

Семенарна хоризонтален банер

Од минералите содржи: сулфур, магнезиум, железо, калциум, калиум, цинк, фосфор, селен и малку натриум. Од витамините содржи А, Б-комплекс (Б1, Б2, Б3) и Е.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Амарантот е многу добар извор на растителни влакна, содржи многу повеќе отколку што има во пченицата, а со тоа помага кај оние кои имаат проблеми и потешкотии во празнењето на цревата.

Тигар лого гиф

Исто така зрната амарант содржат и фитостероли кои помагаат во намалувањето на холесторелот и зголемување на имунитетот.

Многу истражувања покажуваат дека амарантот е одличен и за најмалите, особено во ситуации кога кај некои деца се јавува интолеранција на лактоза.

Petel.mk

Амарантот е одлична намирница за оние кои се интолерантни на лактоза и глутен. Содржината на растителни влакна го прави моќен кај оние луѓе кои имаат потешкотии со празнењето на цревата. А исто така растителните влакна помагаат за одржување на ситоста многу подолго од било која друга житарица.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img