Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

20.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

More
    домаАгро ВестиМакедонија е умерено подотвена во делот на земјоделството и руралниот развој

    Македонија е умерено подотвена во делот на земјоделството и руралниот развој

    petel baner

    Европската комисија (ЕК) во најновиот Извештај за напредокот на земјава нотира дека Македонија останува умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој.

    Според ЕК, постигнат е одреден напредок во периодот на известување, особено во подготовката на Акцискиот план 2021-2027 година за Националната стратегија за земјоделство и рурални развој. Како и во делот на буџетирањето мерки за поддршка во рамки на Националната програма 2023-2027 година за развој на земјоделството.

    И оваа година, оценува ЕК, земјава има добро ниво на подготовка во делот на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика.

    Otkup na kompiri
    Одреден напредок има и во рибарството и аквакултурата.

    ЕК укажува дека некои препораки од минатогодишниот Извештај не се целосно имплементирани, поради што продолжуваат да важат. И овој пат се препорачува Македонија да обезбеди трансфер на регистарот на фарми и на системот за идентификација на земјишни парцели до Платежната агенција. Да усвои законодавна рамка за натамошно усогласување со правото на ЕУ во области како што се плаќањата за поддршка, заедничка организација на пазарот и советодавни услуги на фармите. Како и да го подобри административниот капацитет за ИПАРД со цел максимално ефикасно спроведување на ИПАРД 3 Програмата.

    -Постигнат е мал напредок во натамошното усогласување со заедничката пазарна организација (ЗПО). Останува да се донесе законска регулатива во оваа област. Во однос на руралниот развој, постигнат е добар напредок во апсорпцијата на средствата на ЕУ во рамките на ИПАРД 2. До крајот на 2022 година исплатите достигнаа околу 42 милиона евра. Од клучно значење е да нема одложување на преостанатите ИПАРД 2 средства. И да се поддржи имплементација на ИПАРД 3 фондовите за кои беше дадена доверба од Европската комисија. Административниот капацитет за реализација на ИПАРД мора да се зајакне. Не е постигнат значителен напредок и во усогласувањето на националната политика за рурален развој со правото на ЕУ. Во однос на политиката за квалитет, имаше поместувања од аспект на регистрација на голем број производи. Но, законската рамка, вклучително и за алкохолните пијалаци, останува целосно да се усогласи со правото на ЕУ, порачува ЕК.

    agrounik

    Комисијата констатира дека Македонија ја продолжи политиката на сложени шеми за директна поддршка на земјоделците. И во овој контекст препорачува земјава да ги усогласи своите национални мерки за поддршка со правото на ЕУ. 

    ЕК се осврнува и на органското земјоделство.  

    -Треба да се усвои нов закон за органски производи што дополнително ќе се усогласи со правото на ЕУ. А може да се интензивираат и активностите за подобрување на мониторингот и контролата на органското сертифицирање и следливоста на органските производи. Треба да се направат напори за натамошен развој на секторот. Користејќи ја поддршката достапна во рамките на програмата ИПАРД 3, наведува ЕК.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Европската комисија на 8 ноември ги објави извештаите за напредокот на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img