домаАгро ВестиПротести на земјоделците во Србија

Протести на земјоделците во Србија

Prokredit baner

Здруженијата на земјоделци во Србија почнаа со протести низ државата поради лошата состојба во која се наоѓаат, а Министерството за земјоделство ги повика на „отворени и конструктивни разговори“.

Свое учество на протестите најавија четири земјоделски здруженија – Иницијативата за опстанок на земјоделците од Србија, Здружението на земјоделци од Суботица, Банатскиот Сојуз на земјоделски здруженија и Здружението на земјоделци Арадац.

Според српските медиуми, веќе се поставени блокади на седум локации низ Србија.

Семенарна хоризонтален банер

Министерството за земјоделство, шуми и вода ги повика на разговор сите земјоделци кои сметаат дека државата не исполнила дел од договорот потпишан во мај со седум земјоделски здруженија.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Земјоделците ги отфрлија тврдењата за политички мотиви зад протестите. И рекоа дека се подготвени за разговори, но само откако ќе ги исполнат барањата:

Субвенции по хектар за растително производство – 35.000 динари, најдоцна до 31 март.

Премии за млеко 19 динари за литар.

Субвенционирани кредити во текот на 2024 година со каматна стапка од еден процент. Кои може да се искористат за рефинансирање на постоечки кредити.

Бришење на земјоделците од кредитното биро.

Тигар лого гиф

Стимулации за одгледување молзни крави – 40.000 динари по грло.

Укинување на лимитот од 19 грла говеда за набавка на опрема за сточарско производство.

Petel.mk

Решавање на проблемот со долгови и изнаоѓање решение за измена на Законот за ПИО за земјоделците.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img