Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

6.8 C
Skopje
Friday, January 30, 2026

More
    домаситеХрана која е најдобра за срцето

    Храна која е најдобра за срцето

    Prokredit baner

    Храната која секојдневно ја консумираме влијае на здравјето на целиот наш организам, особено на здравјето на срцето.

    Според кардиолозите, постојат одредени намирници кои се исклучително здрави за срцето.

    Зелен лиснат зеленчук

    bum.mk

    Ова е една од најдобрите намирници за срцето поради неговите нутритивни вредности. Зелениот лиснат зеленчук како спанаќот, зелената салата, се совршен избор за витамините А, Ц и К, заедно со фолна киселина и омега-3 масни киселини.

    Авокадо

    Познат по здравите масти, витамините Ц, Е, К, рибофлавин, ниацин, магнезиум и калиум. Според една анализа од 2022-ра година, две или повеќе порции авокадо неделно биле поврзани со 16 отсто помал ризик од кардиоваскуларни болести и 21 отсто помал ризик од коронарна срцева болест.

    Јаболка

    Тигар лого гиф

    Едно јаболко на ден помага за одржување на здравјето. Кардиолозите тврдат дека јаболката имаат улога во намалувањето на крвниот притисок. А освен тоа се богати и со витамини Ц и К.

    Бобинки

    Petel.mk

    Сите добро знаеме колку редовното консумирање бобинки е добро за нашето здравје. А кардиолозите тврдат дека тоа особено добро влијае на здравјето на нашето срце. Ова овошје е богато, не само со витамин Ц, туку и со голема количина на други антиоксиданси. Тие помагаат во борбата против ракот и го минимизираат воспалението во нашите вени што доведуваат до проблеми со срцето. Како и со целиот кардиоваскуларен систем.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img