Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Saturday, November 23, 2024

More
    домаХраната како лекРазлики во изгледот на месото од здрави и болни животни

    Разлики во изгледот на месото од здрави и болни животни

    petel baner

    Разлики во изгледот на месото од здрави и болни животни. Еве на што треба да обрнете внимание.

    По колењето на животните, потребно е да се утврди дали нивното месо и внатрешните органи за јадење потекнуваат од здрави или болни животни.

    Otkup na kompiri

    Доколку потекнуваат од болни животни, може да предизвикаат труење кај луѓето. Нивната употреба во тој случај е забранета.

    Бојата е една од главните квалитетни карактеристики на месото.
    Месото од здрави крави е светло црвено, суво, а понекогаш и меко. Месото од бикови е темноцрвено, цврсто, грубо, суво и има малку масно ткиво. Месото од волови има темноцрвена боја, е помалку грубо и е прошарано со масно ткиво.

    Кај свињите, месото е светло црвено, прошарано со масно ткиво. Црниот дроб има мазна, сјајна и црвеникава боја цврсти и еластични под притисок на прстите. Слезината е црвеникава кај биковите и малку заоблена, сиво-црвена кај кравите, порамна, сиво-кафеава кај телињата и овците, црвена кај свињите веднаш по колењето и станува темноцрвена неколку часа подоцна.

    Белите дробови се сјајни и мазни, во светло црвена боја, исечено парче бели дробови лебди во водата.

    Бубрезите се темноцрвени, сјајни и мазни. Крвта е светло црвена од артериите, а темноцрвена од вените, брзо се згрутчува.

    Доколку ги забележите овие работи најчесто месото е од болно животно.

    agrounik

    Кај болните животни месото е меко, влажно и лигаво. Крвта е со потемна боја. Жолчното кесе е полно со течност (тенија, ехинокок).

    Слезината е зголемена и обезбојувана (ова секогаш е знак дека животното е болно). Белите дробови се со променлива боја, под притисок се чувствуваат помеки или поцврсти нодули.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    На бубрезите се забележуваат меурчиња со различна големина, гнојни места. Крвта е бледо црвена, водена или темноцрвена: слабо се згрутчува или воопшто не се згрутчува.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img